Најпознатите изреки на Конфуциј за животот, светот и моралот

Најпознатите изреки на Конфуциј за животот, светот и моралот

Конфуциј е еден од најпознатите филозофи на сите времиња. Дел од неговите мудрости и учења се собрани од неговите ученици и објавени како дел од збирката изреки „Аналекти“. Тие ги изразуваат вредностите на конфуциската традиција – усовршувањето на личниот карактер преку потрагата по моралните одлики како храброста, мудроста и добродетелта. Во продолжение прочитајте дел од нив.

Најпознатите изреки на Конфуциј за животот, светот и моралот

„Никогаш не наметнувајте им го на другите она што не би го избрале за себе.“

Тоа е „златното правило“ и суштината на вистинското сочувство. Сочувството значи да ја гледате друга личност еднаква на себе во сите аспекти. Всушност, тоа е како да се гледате себеси во секоја друга личност. И затоа не можете да повредите никого без да си наштетите и самите себе.

„Вистинското знаење лежи во свеста за сопственото незнаење.“

Незнаењето е намерно занемарување или одбивање да се стекне знаење. Тоа е присутно секогаш кога намерно или не, одбиваме да ги прошириме сопствените видици за да ја видиме поголемата вистина.

„Слушам и заборавам. Гледам и се сеќавам. Правам и разбирам.“

Самите мораме да доживееме нешто за навистина да го разбереме. Ако слушаме нешто, тоа може да биде ни интересно. Ако гледаме нешто, можеби ќе ни биде убаво. Но, само ако го почувствуваме тоа докрај, тогаш можеме навистина да знаеме за што се работи.

„Сè има своја убавина, но не секој може да ја види.“

Преку оваа изрека, Конфуциј ни порачува да ја отфрлиме маската преку која постојано го гледаме и оценуваме светот, обезличен од нашите желби и верувања. Со други зборови, треба да ги гледаме работите онакви какви што се. Ако бидеме способни да го направиме ова – макар и само за секунда, ќе можеме да видиме дека сè во природата е како што треба. И токму во ова природно совршенство лежи убавината.

„Каде и да одиш, оди со сето свое срце.“

Што и да правите и на што и да се обврзете, направете го тоа целосно и дајте сè од себе. Тоа е суштината на carpe diem – искористување на денот и тоа е сигурно најдобриот начин да бидете задоволни со она што го работите и да ги добиете најдобрите резултати.

„Успехот не значи отсуство на пораз, туку пред сè ја означува волјата да се обидеме одново по секој пораз. “

Не постои неуспех, постојат само искуства кои вредат да бидат доживеани. Или како што рекол Томас Едисон за измислувањето на сијалицата: „Не потфрлив туку само најдов 10.000 начини кои не функционираат“. Важно е да не се откажувате и да научите да ги користите своите искуства за да станете подобри и на крајот да успеете.

„Кој учи, а не мисли, тој е изгубен. Оној што мисли, а не учи, е во голема опасност.“

Конфуциј ја објаснува врската помеѓу учењето и размислувањето. Учењето е корисно само ако го поврземе со размислувањето во нашите сопствени умови, со она што веќе го знаеме и што е корисно за нас. Ова, исто така, нè спасува од слепо следење на кое било знаење и тврдење без да ја провериме неговата вистинитост и валидност.

„Оној што сака да ја усоврши својата работа мора првин да ги подготви своите алати.“

Овде Конфуциј укажува на потребата од планирање и подготовка. Ова може да подразбира и подобрување на личните вештини што ви се потребни за да бидете успешни. Така, ако, на пример, сакате да одржувате говори, морате да ги подобрите вашите комуникациски вештини. Затоа, не заборавајте дека добрата подготовка е еден од клучните елементи за постигнување успех.

Откако ги прочитавте овие изреки на Конфуциј, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар