Најинтересните и најубави велигденски прослави ширум светот

Велигден е еден од најубавите и најважни христијански празници. Тоа е денот кога христијаните насекаде во светот го слават воскресението на Исус Христос, па заедно и во убава атмосфера се радуваат. Но покрај религиозните ритуали и обичаи кои се прават на овој ден, секоја земја има свој, уникатен начин на кој го празнува. Следниве земји ги имаат едни од најуникатните прослави.

Аргентина

Велигден е голем ден за народот во Аргентина. Во текот на Светата недела се практикуваат најразлични традиции, додека народот го почитува постот. Традицијата во Аргентина налага споделување на велигденски јајца и јадење специјална велигденска торта наречена Rosca de Pascua. Прославата кулминира кога луѓето одат на велигденската миса, после која следи голема семејна гозба. Меѓу другото, општината во поголемите градови организира потрага по скриено богатство во која може да учествува секој кој сака да се забавува.

(1)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

Грција

Уште од времето на боговите, па сè до почитувањето на христијанската вера денес, Грците секогаш биле многу ревносни кога станувало збор за верските обичаи. Грчката црква го следи византискиот календар, па Велигден се слави на различен ден одошто кај повеќето православни цркви, но сепак останува најсветиот празник во Грција кој се празнува цела една недела.

Прославата во Атина започнува на Велики петок кога реплика на Исусовиот гроб се носи низ градот. Следниот ден се оди во црква на полноќна миса после која, точно на полноќ, луѓето си го честитаат празникот со зборовите Христос воскресна и Вистина воскресна. Целата велигденска прослава е проследена со многу забава, музика, огномет и многу храна. Оној обичај кој многу потсетува на нашиот е чукањето со јајца со пријателите, обичај за кој се верува дека му носи среќа на оној кој ќе победи.

Greek Orthodox Patriarch of Jerusalem Th

Либан

Христијаните во Либан сочинуваат половина од неговото население и се едни од најстрасните верници во светот. Улиците, продавниците и куќите низ Либан се богато украсени со најразлични декорации, велигденски чоколадни зајачиња, шарени јајца и што ли уште не. Велигденската миса е дел од прославувањето и обичаите кој никој не го пропушта. Карактеристично за овој голем ден во Либан е обичајот Shanineh кој се одржува во црква, кога на децата им се даваат свеќи украсени со украсни ленти и цвеќе и тие потоа кружат во поворка околу црквата. Исто уникатни се и слатките Ma’amoul, специјално приготвени за овој ден, а со преубав вкус на мешавина од гриз и путер, исполнета со ореви и шеќер во прав.

(3)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

Шкотска

Велигден е доста лежерен празник во Шкотска. Иако како верници Шкотланѓаните ги почитуваат верските обичаи, како што е одењето на миса, сепак ова е ден кој тие го прават доста забавен. И сѐ се врти околу велигденските јајца. Откако ќе ги сварат, бојадисаат и украсат со најразлични декорации, секој со своето јајце се упатува кон зелените ридови на тркалање. Целта е да се види чие јајце е најсилно и кое од многуте ќе го издржи тркалањето по ридот. Забавно, но и симболично, овој обичај го претставува тркалањето камења од Исусовиот гроб со што би му се помогнало да воскресне.

(4)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

Шпанија

Како најважен верски празник во Шпанија, Велигден е обележан во карневалска атмосфера, со труби, тапани и весели лица. Еден од регионите со најуникатна велигденска традиција е Севилја. Со своите педесет и две различни религиозни братства чии членови маскирани во покајници парадираат по улиците цела недела, Велигден во Севилја е навистина доживување. Во текот на 24 часа, поворките ги манифестираат случувањата од трите дена, почнувајќи од распнувањето, па сѐ до воскреснувањето на Исус Христос кое е прославено со многу музика, традиционални колачи, танци и секако свеќи украсени со цвеќе.

(5)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

Шведска

Ова е земјата во која Велигден е целосно посветен на семејството, добрата музика, богатата гозба и забавувањето. Многу од шкотските велигденски обичаи ги вклучуваат децата, па така, вечерта пред Велигден (сабота вечер), малите деца се облекуваат како добри волшебници и на луѓето им делат писменца и картички за да го разбудат во нив велигденскиот дух, додека за возврат добиваат парички и бонбони. Дента на Велигден, центар на внимание се богатите трпези полни со секакви јадења, од кои во најголеми количини ја има рибата. Главна атракција се секако внимателно декорираните велигденски јајца кои подоцна се разменуваат и употребуваат во игра слична на онаа во Шкотска, само овој пат јајцата се тркалаат по ќерамиди.

(6)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

Франција

Иако црковните ѕвона ѕвонат секој втор ден во Франција, трите дена на Велигден нема да ги чуете. Според старата легенда, се верува дека е така бидејќи тие заминале во Рим за да бидат благословени. Неделата за Велигден, тие повторно може да се слушнат бидејќи ја поминуваат цела земја оставајќи чоколадни јајца, кокошки и зајчиња во секоја градина. Попладнето децата трчаат во градините за да го пронајдат скриеното богатство оставено само за нив од црковните ѕвона. Во поглед на велигденската гозба, изборот на цела Франција е јагнешко месо.

(7)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

Германија

Дефинитивно земја со една од најубавите традиции кога станува збор за детската радост – секој Велигден, секое дете од своите родители добива кошничка полна со подароци, чоколади и велигденски јајца. Овие кошнички се скриени во дворот, па по враќањето од миса, секое дете весело и возбудено ја бара својата кошничка. Додека ваквиот обичај е попопуларен во руралните области каде куќите имаат големи градини, во урбаните делови на Германија луѓето одат на велигденска прошетка во природа, па ги кријат велигденските гнезда полни со вистински и чоколадни јајца некаде низ дрвјата и грмушките за да можат децата да се забавуваат додека ги бараат. Исто убав обичај е навиката на Германците да ги китат дрвјата во дворовите со дрвени ишарани јајца.

(8)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

Америка

Мисата е секогаш на прво место. Велигден е празникот кога сите христијани во Америка се облекуваат во најубавата облека и одат во црква на велигденска миса. А потоа на ред доаѓаат колачите и чоколадата. Некои компании за производство на чоколади специјално за Велигден произведуваат велигденски чоколади кои можат да се најдат во продажба само тој период. Она што особено го заслужува вниманието на оние кои живеат во Вашингтон е фактот дека, само за Велигден, вратите од градините на Белата куќа се отворени за децата и нивната игра која се состои во тркалање јајца. Ова е традиција која датира од 1878 година.

(9)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

Канада

Прославите во Канада вклучуваат фестивали, вкусна храна и многу забава. И религиозните и нерелигиозните Канаѓани земаат учество во верските обичаи, актерските претстави, велигденските пеења и сите други активности, меѓу кои и одењето на миса. Богатото мени е разновидно и по желба, но она кое го има на секоја маса се колачите со јаболка и печениот грав. Главна атракција на Велигден е големото јајце конструирано во 1975 година во чест на Украинските спогодби во Едмонтон. Ова е најголемото Велигденско јајце кое постои во светот и како такво претставува архитектонско ремек-дело кое е симбол на животот, просперитетот, вечноста и добрата среќа.

(10)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар