Како ќе објасните со само еден збор личност што сака да учи?

Луѓето кои сакаат да учат не зависат само од училници или професори. Тие бараат одговор на секое прашање, a нивните умови постојано се полни со зборовите „како“ и „зошто“. Имаат желба да ја задоволат нивната љубопитност и да копаат подлабоко сè додека не ја згаснат жедта за знаење. Па, како се нарекуваат овие луѓе?

Кој е зборот за личност што сака да учи?

Кој би бил правилниот израз или збор за личност која има страст за барање, истражување, учење нови работи и собирање знаење? Некој кој прашува сè, постојано бара одговори и учи со длабоко разбирање? Постојат неколку зборови кои ги опишуваат овие личности, а овие се најдобрите.

Автодидакт

Според речникот, овој збор значи „личност што учи сама“. Изразот е формиран од зборовите auto (сам, само) и didact (учи). Со други зборови, ова е личност што собира знаење без помош од учител или образовна институција.

Филомат

Овој израз означува „љубител на учењето“, особено на математиката. Зборот потекнува од Грција и се користи за личност која има познавање од повеќе области.

Полимат

Полимат е личност која е експерт во повеќе области. Односно знаење кое се користи за да се реши одреден проблем користејќи факти од секоја перспектива.

Епистемофил

„Едисон имал епистемолошки карактер.“ Оваа реченица тврди дека Едисон го сакал, односно го почитувал знаењето.

Софофил

Овој збор опишува личност што сака да учи со акцент на мудроста. Аристотел и Сократ биле најголемите софофили на сите времиња.

Филозофил

Ова е личност што сака да учи за филозофијата и има љубов кон одреден вид размислување и пристапување кон специфичен проблем. Овие личности секогаш размислуваат со прашања, се расправаат со своите забелешки и верувања и се обидуваат да го променат умот.

Библиофил

Библиофил е личност што сака книги.

Сапиосексуалец

Овој збор е формиран од 2 латински збора – sapien (мудар или интелигентен) и sexualis (пол). Ова се личности кои сметаат дека интелигенцијата е најпривлечната особина кај луѓето.

Инквизативен

Овие луѓе се интелектуално љубопитни, желни за знаење и сакаат да испитуваат, истражуваат и да поставуваат прашања.

Љубопитен

Ова е најпознатата особина на сите љубители на знаењето. Ако сте љубопитни, навистина сакате да дознаете нешто.

Ерудит

Ерудит е личност која има или покажува големо знаење или способност за учење.

Еден од најпознатите љубители на знаењето е Леонардо да Винчи. Тој отворал мртви тела за да научи анатомија, си играл со свеќи за да сфати како функционираат сенките и го набљудувал текот на водата за да создаде механика. Неговиот живот бил исполнет со неверојатни и возбудливи експерименти. Како би го нарекле него?

И што ако најпрецизниот збор за одредено однесување кон знаењето сè уште не постои? Време е да ги активирате вашите мозоци. На пример, што мислите за зборот куриозаматор? Тој е составен од латинските curiosus (љубопитен) и amator (љубовник). Направете своја комбинација и споделете ја со нас во коментарите…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар