Во светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!

Во светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!

Од реализации на македонски твитови до 90 секунди со мега популарната Лила Филиповска, Стефан Рашковиќ, попознат како Steffonator, е еден од најпознатите македонски Јутјубери кој редовно успева да ги насмее и забавува неговите 20.000 следбеници. Да, Македонија има свои успешни Јутјубери и влогери кои редовно снимаат видеа на различни теми. Гејминг, споделување интересни факти, соочување со необични предизвици, препораки за филмови и сѐ друго што ќе им падне на памет- идеите на овие млади креативци се бесконечни!

Во светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!

Станува збор за забавно хоби/професија кое иако делува едноставно, сепак си бара посебни вештини и напорна работа. Јутјуберите поседуваат посебни карактеристики што ги издвојуваат од толпата. Тие мора да бидат доволно интересни за да го задржат вниманието на нивните следбеници, мора да бидат оригинални, креативни и полни со идеи. Steffonator е еден од тие Јутјубери. Тој за себе вели дека има полна фиока идеи од кои нема ни 10% реализирано.

Младиот студент по дизајн и мултимедија одвои малку повеќе од 90 секунди за да ни открие како се станува успешен Јутјубер, кои се позитивните и негативните страни на оваа платформа и кои се неговите идни планови…

Јутјуб или телевизија?

Младите денес поминуваат повеќе време на Интернет отколку пред телевизија. На Јутјуб може да се најде буквално сѐ во кое било време: Едукативни и забавни видеа, емисии, па дури и цели филмови и епизоди од ТВ серии. Зошто некој би гледал телевизија кога веќе има мал „телевизор“ во својот џеб кој може да го користи насекаде? Иако Стефан не мисли дека Јутјуб ги има целосно заменето телевизиските канали, сепак верува дека одиме натаму.

„Живееме во едно ново време каде што Интернетот е толку достапен за сите, што телевизијата не може многу да се бори против тоа. Јутјуб е една многу широка платформа која нуди речиси сѐ за гледање, па затоа многу луѓе денес го користат телевизорот како медиум преку кој ќе се поврзат со Јутјуб за да гледаат видеа на поголем екран. Ако зборувам за Македонија, сите знаеме дека порано имало многу повеќе домашни квалитетни содржини, а денес преовладуваат оние турски сапуници што мене лично ме тераат 99% од времето да го користам телевизорот за Јутјуб“, објаснува Стефан.

Вистина е дека за разлика од порано, на македонските канали им недостасува побогата програма. Турските серии ги заменија детските едукативни програми, а речиси и да немаме наши емисии и содржини. На Јутјуб, пак, може да се најде сѐ, па не е ни чудо што наскоро целосно ќе ја замени телевизијата.

Во светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!

Влијанието на Јутјуб: Позитивно или негативно?

Како и сите други работи во животот, така и Јутјуб си има свои позитивни и негативни страни. Не може да се порекне фактот дека на Јутјуб има и содржини кои не се соодветни за сите возрасти. Понекогаш и на најпознатите Јутјубери им се случува да направат фатална грешка, а Стефан како пример го зема Логан Пол.

Станува збор за влогер и Јутјубер кој стана познат по неговите кратки комични видеа и скечеви. Неговите видеа имаат милиони прегледи и редовно го следат повеќе од 16 милиони следбеници. Сепак, Јутјуб неодамна имаше голем проблем со Логан откако тој објави видео на кое покажува мртво тело во шумата за самоубиства во Јапонија. Толку влијателна личност како него дефинитивно не би требало да објавува видеа со контроверзна и деликатна содржина. Вистина е дека големата моќ носи и голема одговорност, која 22-годишниот Јутјубер очигледно не ја сфатил премногу сериозно. Во секој случај, кај нас сѐ уште не постои опасност од вакво нешто.

„Да се надеваме дека со тек на време платформата ќе станува сѐ позаштитена со цел да се спречи тоа негативно влијание. Кај нас мислам дека сѐ уште немаме таков негативен пример и се надевам дека ќе остане така“, открива Стефан.

Јутјуб е моќна алатка која треба внимателно да се користи. Колку повлијателни стануваат Јутјуберите толку поголема станува и нивната одговорност. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе се обидат да ја злоупотребат оваа платформа за деструктивни цели, па затоа многу е важно да се подигне свеста кај младите дека мора да внимаваат како користат Јутјуб за да можат да ги извлечат само позитивните работи од него.

Тајната на еден Јутјубер: Талент или напорна работа?

Сите видеа на Steffonator имаат голем број прегледи и слободно можеме да кажеме дека се едни од најпопуларните во Македонија. Па, која е тајната на еден успешен Јутјубер?

„Тајната е креативност, многу работа и упорност. Треба и да ве исполнува тоа што го правите. Мајка ми кога прави муабет со некоја пријателка знае да каже, ’што сѐ нема да му текне’, па најверојатно така најдобро би се објаснило како од една идеја доаѓам до друга. Цело време имам некои нови идеи кои не можам туку така да ги чувам за себе, па Јутјуб се најде како добро место каде што можам да ги реализирам. Имам полна фиока идеи што ако ви се верува, можеби ни 10% до сега немам реализирано“, признава Стефан.

Останува да видиме кои се следните идеи што Стефан ќе ги извади од фиока и ќе ги претвори во Јутјуб видеа!

Во светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар