Како да дознаете дали сте телепатски поврзани со вашиот партнер?

Како да дознаете дали сте телепатски поврзани со вашиот партнер?

Чувствувате ли необјаснива ментална поврзаност со вашиот партнер дури и кога тој не е во вашата близина? Се чувствувате ли како да можете да разговарате со него без да искористите ниту еден збор?

Кога две индивидуи делат длабока телепатска врска, тие можат да бидат близу едни до други дури и ако цел океан ги раздвојува. Тие можат да го чувствуваат присуството на другиот каде било и кога било.

Човечкиот мозок е вистинско ремек-дело способно да создава чуда. Едно од тие чуда е и моќта за телепатија. Иако оваа способност им пркоси на сите концепти за време и простор, сепак таа може да овозможи човечки контакт без потреба од вербална комуникација.

Ако делите ваква врска со партнерот, тогаш сигурно веќе ги чувствувате овие знаци:

Добивате инстант вибрации кога разговарате со вашиот сакан. Тој не мора да ги изрази своите позитивни или негативни емоции за да ви открие како се чувствува за одредена ситуација. Едноставно знаете што мисли, дури и кога не го покажува тоа отворено.

Кога ве лаже, вие едноставно го знаете тоа. Дури и ако упорно пробува да ја скрие вистината, неговите мисли ќе го издадат и ќе ја откријат неговата неискреност.

Ако сте искрено заљубени во некого, тоа можете да го почувствувате и низ мислите. Дури и ако тој прави нешто сосема друго, вие можете да ја „чуете“ љубовта во неговиот ум.

Ако вашиот партнер е во опасност, вие ќе имате длабоко, застрашувачко чувство што не можете да објасните од каде доаѓа. Вие можете дури и да ги почувствувате болката и страдањето на саканите, без воопшто да знаете дека нешто им се случува.

Тишината се исполнува со мисли преполни со љубов и поврзаност кога сте со партнерот. Понекогаш дури оваа тишина ќе ве натера да му се фрлите во прегратки и страсно да го бакнете!

Чувствувате сигурност покрај вашиот партнер. Дури и ако сте заглавени во неволја или опасна ситуација, ако тој е покрај вас едноставно ништо не може да ве исплаши. И оваа необјаснива појава може да се објасни со телепатијата. Вие сте опфатени во аурата и заштитата на саканата личност и ништо не може да допре до вас.

Телепатската поврзаност помеѓу две личности не е ништо помалку од чудо. Ако човечкиот мозок е способен да го направи ова, замислете само што сè друго би можел да направи ако луѓето сфатат како да го користат во целост. Бран од љубов и сочувство би ја опколило целата планета!

Погледнете ги и овие 10 мали показатели дека тој секогаш мисли на вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар