Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа

Сите имаат соништа и амбиции. Можеби сакате да напредувате во вашата кариера, да патувате околу светот или да пронајдете вистинска љубов. Но, понекогаш навистина е тешко да се претворат тие соништа во реалност. Соништата се сепак само соништа и не мора да значи дека ќе ги оствариме по секоја цена.

Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа

Верувале или не, соништата навистина се остваруваат, но само доколку ги следите. Понекогаш сѐ што ви треба е малку мотивација за да го направите првиот чекор. Можете да најдете инспирација од многу различни места, но денес вашиот поттик нека бидат овие инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа… –

„Ако можете да го сонувате, можете и да го направите.“ – Волт Дизни

„Не мора да ги видите сите скалила за да го направите првиот чекор.“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор

„Променете го животот денес. Не коцкајте се со иднината, дејствувајте денес, без одложување.“ – Симон де Бовоар

„Верувајте дека можете и веќе сте на половина пат до успехот.“ – Теодор Рузвелт

„Најчестиот начин на кој луѓето се откажуваат од нивната моќ е размислувањето дека немаат никаква моќ.“ – Алис Вокер

„Паднете седум пати, но станете осмиот пат.“ – Јапонска поговорка

„Движете се самоуверено во насока на вашите соништа. Живејте го животот што отсекогаш сте си го замислувале.“ – Хенри Дејвид Торо

„Не може да паднете ако не се качувате. Но, нема задоволство од животот поминат само на земја.“ – Непознат автор

„Ограничувањата постојат само во нашиот ум. Но, ако ја користиме нашата имагинација, можностите ќе станат безгранични.“ – Џејми Паолинети

„Никогаш не е предоцна да станете она што сте можеле да бидете.“ – Џорџ Елиот

„Сонувајте на големо и не плашете се од неуспехот.“ – Норман Вон

„Дејството е основниот клуч за успехот.“ – Пабло Пикасо

Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа

„Смислата на животот не е да се пронајдете себеси. Смислата на животот е да се создадете себеси.“ – Џорџ Бернард Шо

„Целта е сон со краен рок.“ – Наполеон Хил

„Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.“ – Елеонор Рузвлет

„Држете се цврсто до вашите соништа, бидејќи ако соништата умрат, животот ќе стане една птица со скршени крилја што не може да лета.“ – Ленгстон Хјуз

„Колку повеќе дејствувате, толку повеќе работи ќе можете да направите.“ – Лусил Бол

„Сонувајте како да ќе живеете вечно, живејте како да ќе умрете денес.“ – Џејмс Дин

„Можноста дека соништата ќе се остварат е таа што го прави животот интересен.“ – Пауло Коелјо

„Никогаш нема да бидете премногу стари за да си поставите нова цел или за да сонувате нов сон.“ – К. С. Луис

„Никогаш не се откажувајте од вашите соништа само затоа што ќе ви треба повеќе време за да ги остварите. Времето си минува како и да е.“ – Непознат автор

„Нишанете кон месечината. Ако ја утнете, можеби ќе погодите некоја ѕвезда.“ – В. Клемент Стоун

„За да постигнеме големи нешта, не треба само да дејствуваме, туку и да сонуваме. Не треба само да планираме, туку и да веруваме.“ – Анатол Франс


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар