Претходно
Хотел со 5 ѕвезди во Швајцарија веќе не мора да се рекламира благодарение на Инстаграм
Најскапата опција во овој хотел, е да букирате цел кат приватно, само за вас, во вредност од 12.000 долари. Оваа услуга вклучува: мастер апартман, јуниор апартман, супериор соба со поглед кон езерото и две класични соби

Популарниот бесконечен базен во хотелот, има поглед кон езерото Луцерн, којшто наликува на фројдовски пејзаж, но има блага езерска клима

Не е тешко да се забележи зошто многумина сметаат дека овој поглед е Инста-достоен

Удобните лежалки крај бесконечниот базен, гледаат кон панорамската перспектива

Во хотелот има и внатрешен базен со лежалки, панорамски прозорци и систем за пливање во кој млазот се движи во спротивна насока

Во спа-центарот, гостите можат да се почестат со различни типови масажи, третмани за лице, пилинг на тело, депилација, маникир и педикир

Ресторанот во хотелот е награден со 14 поени од вкупно 20, од страна на францускиот показател за ресторани „Gault-Millau“ (Голт е Мијо). Кујната изобилува со локални, сезонски состојки

Гостите исто така, можат ако така преферираат, да јадат надвор на терасата

Вилата е за восхит во текот на зимскиот период…

А загреаниот бесконечен базен подеднакво ве повикува во зима, исто како и во топлите денови

Совршено за сите туристи со авантуристички дух: Хотел без ѕидови и без таван во Швајцарија.





























