Дали има вистина? Пилотите се родени во март, професорите во септември, а астролозите во декември

Дали има вистина? Пилотите се родени во март, професорите во септември, а астролозите во декември

Ако веруваме во податоците од истражувањето спроведено од научници од Универзитетот Оксфорд, месецот во кој сме родени одредува со што ќе се занимаваме во животот. Расел Фостер, раководител на истражувањето, ги претставува занимливостите за корелацијата меѓу месецот во кој се раѓаме и професијата што ни одговара.

Дали има вистина? Пилотите се родени во март, професорите во септември, а астролозите во декември

Јануари

Ако сте родени во првиот месец, голема е веројатноста дека ќе работите во банка или даночна канцеларија. Во основа – финансирањето е нешто што „не ви бега“.

Февруари

Родените во овој месец се претежно уметници, но податоците покажуваат дека и многу сообраќајни полиции се родени во февруари.

Март

Луѓето родени овој месец се претежно популарни музичари и успешни пилоти. Адреналинот е во нивната крв.

Април

Во пролет се родиле многу светски диктатори, како Адолф Хитлер и Садам Хусеин, што ја потврдува тезата дека април носи силни и манипулативни политичари.

Мај

Истражувањето покажало дека многу успешни спортисти како Новак Ѓoкоковиќ и политичарите како Јосип Броз Тито и Џон Кенеди се родени во мај.

Јуни

Овој месец е резервиран за шефовите, како и за добитниците на Нобелова награда. Дури петмина од нобеловците се родени во јуни.

Јули

За време на најжешкиот летен месец се родени голем број градежни работници, возачи и уметници.

Август

Осмиот месец роденден најмногу слават познатите ѕвезди, како што е Мадона, но има и претседатели, како што се Барак Обама и Бил Клинтон.

Септември

Наставниците и спортистите се раѓаат во месецот кога започнува учебната година.

Октомври

Луѓето родени во октомври имаат најдолг животен век и се надарени за уметност и шоу-бизнис.

Ноември

Претпоследниот месец е резервиран повторно за политичарите или луѓето кои се лидери во својата работа.

Декември

Во текот на последниот месец од годината, се родени голем број стоматолози, астролози и психолози, како и најголем број на сериски убијци и шизофреничари.

Можеби сакате да прочитате и со каков маж би требало да бидете според вашиот месец на раѓање?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар