8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети - Part 2

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

5. Карлос Слим Хелу, почесен претседател на Америка Мовил

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

Со богатство од речиси 60 милијарди, Карлос може да направи што и да посака. Сепак, тој одлучил да живее скромно. Карлос живее во истата куќа со 6 спални соби во која живеело неговото семејство 30 години, а секој ден самиот оди на работа. Иако работи со огромни компании, тој нема ни компјутер во неговата канцеларија.

6. Амансио Ортега, основач на Зара

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

Модниот бренд Зара е познат ширум целиот свет, но ова не го спречило нејзиниот основач да остане „нормален“ човек. Ортега, чие богатство изнесува речиси 60 милијарди евра, живее во мал стан во Шпанија и го носи истиот костум речиси секој ден. Секое утро Ортега ја посетува истата локална кафетерија, а секое попладне јаде со неговите вработени во Зара.

7. Азим Премџи, претседател на Випро Лимитед

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

Познат како „царот на индиската технологија“, Азим има богатство од речиси 20 милијарди евра, а изгледа дека тоа се зголемува секоја година. Сепак, тој вози автомобил Форд од 1996-та година, па дури и внимава на потрошувачката на тоалетна хартија во неговите канцеларии за да заштеди. Најимпресивно е тоа што Азим е петти на листата со луѓе кои имаат донирано најмногу пари во добротворни цели – тој има донирано над 8 милијарди.

8. Чак Финеј, коосновач на ДФС Груп

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

Чак е најневеројатниот пример за скромноста на милијардерите. Неговото богатство изнесува „само“ 2 милиони евра, па веројатно се прашувате зошто се наоѓа на листата.

До 2016-та година, Чак и неговата сопруга Хелга донирале околу 9 милијарди, односно 99,99% од нивното богатство во добротворни цели. Чак најмногу ги заработил парите преку продавници на аеродроми каде што продавал продукти како цигари и алкохол, но и преку инвестирање во компании како што е Фејсбук.

Целта на Чак е да дава додека живее, но не го прави тоа за внимание. Всушност, тој дури основал неколку приватни фондации коишто бараат донирањето да биде анонимно. Тој и неговата сопруга живеат во стан во Сан Франциско.

Знаете ли кои се секојдневните навики на светските милијардери?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар