8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

За многу, луѓе богатството значи трошење големи суми пари и екстравагантен начин на живот. Постојат многу луѓе што докажуваат дека ова а вистина, но некои од најбогатите луѓе на светот не само што живеат скромно, туку даваат огромен дел од нивното богатство во добротворни цели.

Без сомнение, парите се важни и можат да ни го променат животот. Но, колку всушност се важни? Веројатно сметате дека богатите зборуваат за неважноста на парите и донираат многу бидејќи имаат и тоа е сосема нормално размислување. Но истражувањата покажале дека парите вистински нè прават среќни кога имаме да ги задоволиме нашите најосновни потреби. Што било повеќе, не придонесува за нашата среќа.

Овие милијардери покажуваат дека штом имаме доволно за нас, на некој начин имаме одговорност да им дадеме и на помалку среќните. Без разлика кои се вашите верувања и мислења за парите, скромноста на овие луѓе ќе ве натера да размислите за вашите приоритети.

1. Дејвид Черитон, професор на Стенфорд

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

Дејвид е навистина уникатен милијардер и речиси целото богатство го направил инвестирајќи многу рано во Гугл. Тој ја мрази идејата за екстравагантен живот.

„Всушност, навистина сум навреден од тоа… Овие луѓе кои градат куќи со 13 тоалети и слично, има нешто погрешно со нив“, изјавил Дејвид.

Најскорешното големо купување на Дејвид е автомобил Honda Odyssey од 2012-та година.

2. Тони Хсие, извршен директор на Запос

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

Тони е еден од најпознатите извршни директори на денешницата. Но она што малкумина го знаат е неговата скромност. Откако ја продал рекламната мрежа LinkExchange што ја основал во 1996-та година, тој ги инвестирал парите во нов проект. Според неговите блиски, животниот стил на Тони речиси и да не се променил со текот на годините.

„Парите едноставно не му се важни. Тој би бил среќен само со долар во банка и опколен со луѓе за кои се грижи и кои се грижат за него“, изјавил Ерик Мур, инвеститор во Запос.

3. Кристи Валтон, филантроп

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

Како вдовица на наследникот на Волмарт, Џон Т. Валтон, Кристи Валтон и нејзиниот син наследиле дел од богатството на Џон. Денес се верува дека таа има околу 7 милијарди евра, но она што го направила со богатството го дефинира нејзиното индивидуално наследство.

Изминативе две децении, Кристи има донирано неколку милијарди во добротворни организации, од кои една е основана од нејзиниот сопруг. Кога се родил нејзиниот син, целта на Кристи била да му даде нормално детство, па се преселила на место каде што може да го направи токму тоа. Денес таа живее мирно во Џексон, Вајоминг и е посветена на добротворните цели.

4. Ворен Бафет, извршен директор на Беркшир Хатавеј

8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети

Речиси секој има слушнато за Ворен и за неговото огромно богатство. Но, она што речиси никој не го знае е неговата скромност. Секое утро, тој оди на работа со неговиот автомобил. Пред да влезе во канцеларијата, зема појадок од Мекдоналдс, а за најскапиот оброк плаќа најмногу 3 евра. Покрај ова, Ворен донира милијарди евра во разни добротворни организации, од кои дел се основани од неговите деца.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар