7 интересни теории на заговор кои се покажале како вистина - Part 2

7 интересни теории на заговор кои се покажале како вистина

4. Завера Барут

ПЛАНОТ:

Во мај, 1604-та година во Англија група Бретноци со католичка вероисповест, решаваат да го дигнат во воздух Британскиот парламент, да ја убијат целата аристократија и тогашниот крал Џејмс I.

Во тоа време водечка религија во Англија е протестантската, и протестантите се во постојан конфликт со Папата и католиците. Затоа групата од неколку Бретонци, решава да постави барут во основите на парламентот и да го сруши на денот на годишното откривање кога се очекувало таму да бидат сите претставници на аристократијата заедно со кралот.

4-7-interesni-teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-vistina-kafepauza.mk

ШТО ПОТОА?

Тие решиле да прокопаат тунел до основите на парламентот и да го наполнат со барут и да го дигнат во воздух. Но, увидувајќи дека каснат со планот решаваат да ја напуштат целата идеја и изнајмуваат простор во визбите на парламентот кој го наполнуваат со буриња полни со барут. Сега останува само да се чека на годишното отворање на парламентот.

Додека чекале, еден од конспираторите испратил писмо на лорд Монтигал, високопоставен католик, во кое пишувало: „Хипотетично би можеле да го дигнеме во воздух парламентот на неговото отворање. Затоа не одете, хипотетично кажано.“ Тоа било нивната грешка бидејќи сер Монтигал веднаш го известил државниот секретар, било наредено пребарување на парламентот и барутот бил пронајден заедно со Гај Фоукс, човекот кој бил оставен да го чува во визбата.

Ниту еден политичар конечно не бил убиен, но планот сепак ги изнесол на виделина проблемите меѓу католиците и протестантите во Англија. Кралот сосема трезвено одговорил дека не ги поистоветува сите католици со конспираторите и не презел никакви мерки против нив, кое пак вродило во понатамошна доверба меѓу двете вероисповести.
Сите конспиратори биле пронајдени и обесени.

5. Експериментот Таскаги

ПЛАНОТ:

Идејата била да се набљудуваат ефектите од сифилисот врз веќе заразени лица од Афро-Американско потекло, од руралните средини на државата Алабама. Лицата кои се пријавиле за тестирањето мислеле дека добиваат слободна здравствена нега од Американската влада, кога всушност тие добивале лажни лекарства, а биле следени ефектите од сифилисот.

Никој од пријавените лица не знаел дека има сифилис, ниту пак биле лечени од него. Од оние кои се пријавиле, а биле 600 лица, 399 веќе имале сифилис додека 201 лице ја немале болеста, но им била давана лажна здравствена нега, бесплатни оброци и платен закоп за учествување во експериментот. Им било кажано дека ги лечат од „лоша крв“, локален термин кој се употребувал за различни болести како анемија, сифилис, умора…

5-7-interesni-teorii-na-zagovor-koi-se-pokazhale-kako-vistina-kafepauza.mk

ШТО ПОТОА?

Кампањата траела цели 40 години, врз Афро-Американците од Таскаги, Алабама.

Иако во 1940-та година, пеницилинот бил признат како ефективно средство против сифилисот, на луѓето кои биле опфатени со кампањата намерно не им бил даван таков лек за да се набљудуваат последиците од болеста во покасен стадиум. Доколку некој од пациентите започнел премногу да се бунтува или да зборува му било давано лажно лекарство и биле испраќани дома да умрат.

Експериментот продолжува сѐ додека Питер Бакстон, кој по професија е научник и истражувач за сексуално преносливи болести, во 1966 година не испраќа писмо до националниот директор на центарот за венерични заболувања, во кое ја изразува својата загриженост за етиката и моралот при извршувањето на експериментот. Од таму добива одговор дека ќе се прекрати со експериментот штом се истражат последните етапи од болеста, кое вклучувало и вршење на обдукција на труповите на починатите од сифилис, што траело сѐ до 1972 година, бидејќи некои од пациентите биле тогаш сѐ уште живи.

Конечно во 1974 е обновен дел од законот за научни истражувања според кој повеќе нема да се дозволува експериментирање на луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар