11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Најверојатно сте слушнале за барем една теорија на заговор во вашиот живот. Дали сте помислиле дека пораките што им ги испраќате на пријателите ги чита некој друг? Доколку одговоривте потврдно, веројатно верувате во теории на заговор. Всушност, луѓето најмногу почнуваат да веруваат во овие нешта кога некоја навидум луда претпоставка ќе се покаже како вистинита. Во продолжение погледнете некои од лудите теории на заговор, кои сепак се покажале како вистинити.

1. Компаниите за тутун ја сокриваат висината за штетноста од пушењето

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Со години, огромните компании за тутун донирале милиони за истражувања кои ќе докажат дека пушењето не е штетно, па дури и дека има придобивки од него. Но сите морале да ја признаат вистината кога гигантот за тутун Филип Морис призна дека нивниот продукт има негативно влијание врз здравјето на луѓето и дека може да предизвика рак и други сериозни здравствени промени.

2. Во групата Pussycat Dolls пеела само Никол Шерцингер

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Никол на многумина ни е позната како лидер на групата уште од самиот почеток. Можеби токму поради ова фановите почнале да се сомневаат дека од членките пее само таа. Тие сметале дека другите девојки се само за шоу. Во 2012-та година се откри дека теоријата на заговор била вистинита и дека Никол пеела во 95% од случаите.

3. Од ЦИА истражувале НЛО

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Пред неколку години, онлајн беа објавени документи за истражување НЛО во 1950-тите. Во овие документи има информации за луѓе кои тврделе дека биле сведоци на неидентификувани објекти – 575 случаи во 23 години. Врвот на „вонземската“ активност бил забележан во Вашингтон, на 29-ти јули 1952-ра година, кога во 6 часа дузина Американци забележале чудна светлина на небото. Во официјалната верзија стои дека ова било резултат на промена на температурата. Дури откако материјалите беа објавени, стана јасно дека од ЦИА ги сметале случаите за НЛО.

4. Некој друг пеел наместо Бритни Спирс

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Во 2007-ма година јавноста откри дека Бритни се развела од нејзиниот сопруг и дека била во психијатриска установа. Истата година, Бритни успеа да издаде навистина успешен албум насловен „Blackout“. Фановите од целиот свет почнале да се прашуваат како е ова возможно, па многу почнале да мислат дека некој друг пеел наместо Бритни. Наскоро теоријата била потврдена – таткото на придружниот вокал, Миа Мари, во интервју изјавил дека речиси целиот албум го снимала неговата ќерка, а Бритни се наоѓала само на омотот.

5. Нафтените компании заговарале за одредување цени

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Цената на буре нафта е одредувачки фактор на нивото на квалитетот на животот во речиси сите држави. За обичните луѓе, од ова зависи цената на горивото. Во 2008-ма година, новинарите нашле доказ за теорија на заговор каде што нафтените компании одредувале цени. Овој скандал бил околу компаниите Shell, Repsol, RWE и Total. Европската комисија открила дека од почетокот на заговорот во 2002-ра година, цените на нафтата пораснале ширум целиот свет.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар