Најценетите работни вештини за 2019-та година и како да ги развиете

Иако можеби одамна немате помислено на новогодишните одлуки, 2019-та сè уште не е завршена. Па, сега е одлично време да проверите до каде сте стигнале. Кои цели сте си ги поставиле во врска со вашата кариера? Доколку сакате да напредувате, важно е да размислите за вашите работни вештини, а следниве 6 се најбараните за оваа година.

Најценетите работни вештини за 2019-та година и како да ги развиете

1. Разновидност и интегритет

Ако има едно нешто на коешто секогаш можете да се потпрете, тоа е промената. Како што милениумците почнуваат да зафаќаат поголем дел од работната сила, тие ги менуваат традиционалните норми. Па, денешните компании бараат работници кои ја разбираат разновидноста и кои можат да ги следат промените.

Компаниите секогаш еволуираат поради променливата економија. Ова е особено важно за старт-ап или технолошките компании. Со оваа динамична работна сила, повеќе и повеќе луѓе работат од дома, што пак бара нов вид мотивација. Постои потреба од работници кои знаат да соработуваат и кои имаат интегритет кога станува збор за работење оддалеку и искреноста за сработеното.

2. Градење врски

Оваа вештина има влијание на секој аспект од вашата кариера и вашиот напредок. Размислете како комуницирате со шефот, колегите, вработените, клиентите, па дури и виртуелните асистенти. Без разлика дали сакате да се движите нагоре во сегашната компанија, или сакате да се префрлите во нова, начинот на којшто ги градите врските ќе има можеби најголемо влијание.

3. Креативност

Креативноста е дел од описот на секое работно место, не само за писателите и уметниците. Креативноста ја покажува вашата способност да размислувате и да ги гледате нештата од повеќе страни, додека креирате нешто или решавате проблем. Ова е концепт што ве тера да погледнете надвор од вашата работа.

4. Водење ефективни состаноци

Во последно време многу се зборува за важноста на состаноците – колку се навистина потребни, а колку се само трошење време. Доколку сте менаџери, од голема важност е да знаете да одредите што навистина е потребно, наместо да ја прифаќате секоја покана. Покрај тоа, потребно е да размислите и да направите стратегија за состаноците што треба да ги одржите.

Кога состанокот е неопходен, важно е да знаете колку време треба да поминете разговарајќи за сè. Дел од планирањето е имањето јасна цел која ќе ви помогне да сфатите дали треба да одржите состанок. Доколку проблемот може да се реши преку порака или имејл, нема потреба да одржувате состанок.

5. Познавање на технологија

Без разлика каде живеете и што работите, голема е веројатноста да користите компјутер. Па, секој работник би требало да ја разбира приватноста на податоци, технологијата и дигиталниот маркетинг. Компаниите комуницираат со клиенти онлајн, па способноста да создавате врски во виртуелна мрежа е исто клучна.

6. Организација

Колку имејлови пративте и добивте денес? Колку покани за состанок добивте? А повици? Сте помислиле на белешките од пред неколку денови?

Повеќето професионалци се растргнати на сите страни. Може да биде навистина тешко да се справите со сите барања. Па важно е ефикасно да одредите што е приоритет. Овде спаѓаат и продуктивноста и управувањето со времето, па доколку сакате да успеете оваа година, поработете на организацијата.

Погледнете ги и работните вештини кои денес се бескорисни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар