11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити - Part 2

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

6. Џон Ленон бил надгледуван од ФБИ

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Креативните луѓе можат да ја користат уметноста за да влијаат врз погледите на милиони луѓе. Поради ова тие често стануваат надгледувани од Федералното биро за истражување. Ова му се случило и на Ернест Хемингвеј, иако многу луѓе мислеле дека бил само параноичен. Вистината била откриена дури откако писателот умрел. Многу години постоеле гласини дека од ФБИ биле загрижен и за популарниот бенд Битлси. Во 2000-та година, историчарот Џон Винер успеал да го декласифицира случајот на Џон Ленон. Излегло дека власта на САД навистина го надгледувала пејачот, но бескорисно. Во неговиот случај немало ниту еден збор со антиамериканско влијание.

7. Во Американскиот конгрес имало советски шпион

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

За време на Студената војна помеѓу САД и Советскиот сојуз, и двете држави измислувале приказни и легенди за потенцијални шпиони. Една од теориите била докажана. Семјуел Дикстејн, демократ од Њујорк, почнал да истражува антиамериканска активност, наводно за да следи комунисти. Истовремено, тој тајно работел за Сојузот и пренесувал важни информации за воениот буџет на САД. Семјуел никогаш не бил обвинет за шпионажа и работел како судија во Њујорк до неговата смрт.

8. Фармацевстките компании измислуваат нови болести

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Според професорката Едиен Фу-Берман, појавувањето на болестите и нивниот третман може да биде обратно. Рекламирањето за некој лек може да започне 7 до 10 години пред да се појави на пазарот. Фармацевтските компании ги убедуваат лекарите и пациентите дека е неопходно да решат проблем што воопшто не постои.

Одличен пример е болеста остопенија, состојба при која ослабуваат коските. Ова е како средна точка помеѓу здрави коски и остеопороза. Па доколку ја имате болеста, единственото нешто што можете да го направите е да се обидете да ја спречите остеопорозата. Покрај тоа, остеопенијата е болест која бара навистина скап третман.

9. Кока-кола ја прави штетноста не шеќерот помала

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Во 1967-ма година, Асоцијацијата за шеќер во САД им платила на тројца научници од Харвард да напишат текст кој докажува дека нема поврзаност помеѓу шеќерот и функцијата на срцето. Но гигантската компанија влијае врз научните истражувања и денес. Наводно, од Кока-кола трошат милиони за истражувања каде што научниците се обидуваат да ја отстранат поврзаноста помеѓу газираниот пијалак и дебелината.

10. Агенти од Национална безбедност на САД слушаат телефонски разговори ширум целиот свет

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Сигурно и вие некогаш се почувствувале дека ве гледаат. Во 2016-та година, целиот свет доби доказ за она од коешто се плашеше. Поранешен вработен, Едвард Сноуден, ги декласифицира информациите за Националната агенција за безбедност на САД каде што тие ги слушале разговорите на милиони луѓе. Според него, од САД ги слушале и разговорите помеѓу лидерите на власта. Сведочењето на Сноуден беше почетна точка за интернационален скандал. После ова, големите Интернет компании почнаа да ги кодираат податоците на нивните корисници.

11. Стиви Вондер не е слеп

11 теории на заговор во кои верувале малкумина, но се покажале како вистинити

Музичарот е познато име во многу држави. Но постои теорија според која Стиви воопшто не е слеп. Постои видео каде што пејачот изгледа како да фаќа држач за микрофон, а има и фотографија каде што тој ја фотографира восочната фигура на Мајкл Џексон. И двете активности изгледаат чудно за личност којашто е слепа.

Погледнете ги и најчудните теории на заговор за Ареа 51.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар