Што значат разните положби на бебето за време на бременоста?

Како што бебето расте во текот на бременоста, тоа може да се движи и да се намести во неколку различни положби. Внимавањето на положбата може да биде исто важно колку и редовното проверување на пулсот и растот, бидејќи и положбата има влијание врз здравјето на детето. Во продолжение можете да погледнете што значи секоја од положбите на вашето дете за да се осигурите дека вашето малечко е здраво и безбедно.

1. Предна положба

Што значат разните положби на бебето за време на бременоста?

Ова е положбата во која повеќето бебиња се местат пред да започне породувањето и се смета за најдобра. Додека е во оваа положба, главата на бебето е надолу, а бебето со грбот е свртено кон стомакот на мајката. Ова му овозможува да притиска и да го отвори грлото на матката за време на породувањето.

2. Задна положба

Што значат разните положби на бебето за време на бременоста?

Оваа положба е позната и како грб со грб. Главата на бебето е свртена надолу, а грбот му е свртен кон грбот на мајката. За разлика од предната положба, кога се во задна, на бебињата им е потешко да поминат низ најмалиот дел од матката. Поради ова породувањето може да биде подолго и побавно, па дури и да предизвика болки во грбот.

Оваа положба настанува доколку мајката минува многу време седејќи или лежејќи. Слично, мајката може да го охрабри детето да се намести во посакуваната положба навалувајќи се на страната кон која сака да се придвижи.

3. Попречна положба

Што значат разните положби на бебето за време на бременоста?

Во оваа положба бебето е поставено хоризонтално во матката. Речиси изгледа како да спие на грб. Многу бебиња во оваа положба обично се превртуваат кога започнува породувањето, но некои не. Во овој случај, најчесто се изведува Царски рез, бидејќи постои ризик папочната врвца да излезе пред бебето.

4. Свртено нагоре

Што значат разните положби на бебето за време на бременоста?

Во оваа положба главата на бебето е свртена нагоре наместо надолу во матката. На некој начин, положбата е безбедна за време на бременоста, но може да биде опасна при породувањето. Положбата може да биде предизвикана од разни фактори, како количеството на течност во матката или нејзината форма.

Жените кои носат повеќе од едно бебе може да имаат едно дете свртено нагоре, а неговиот близнак во друга положба. Кога е свртено нагоре, стапалата на детето можат да бидат блиску до неговиот задник, а можат да бидат и пред него поради што при раѓањето прво ќе излезат нозете.

Може ли да се промени положбата на бебето?

Што значат разните положби на бебето за време на бременоста?

Можно е бебето да ја промени својата положба во матката. Всушност, после 36-тата недела, повеќето бебиња самите се вртат со главата надолу. Некои бебиња ја менуваат положбата и веднаш пред породувањето. За да ја променат попречната положба на бебето, медицинските лица може да изведат надворешна цефалична верзија, метод со кој ќе го свртат детето со главата надоле.

Едно истражување од 2005-та година покажало дека има малку докази дека жените ја промениле позицијата на бебето изведувајќи вежби на сите четири. Но овие вежби ги намалиле болките во грбот на мајките. Дури и едноставните нешта, како пешачење, пливање или седење на медицинска топка наместо столче, може да ѝ помогнат на жената со вишокот тежина и да го одржи своето здравје.

Некои луѓе веруваат дека бремените жени можат да изведуваат одредени вежби со кои ќе го наместат бебето во идеалната положба. Една популарна вежба е наведнување напред. Потребно е да застанете на колената и дланките и да се нишате напред-назад 10 до 15 минути. Во некои верзии од вежбата, жената треба да ги подигне и нозете. Наводно, на овој начин се релаксираат мускулите на стомакот.

Важно е редовно да се консултирате со лекар и да ја набљудувате положбата на бебето во текот на бременоста. Вашиот гинеколог најдобро ќе ви каже дали е сè во ред и што треба да направите.

Дознајте и што прави бебето во вашиот стомак во секоја недела од бременоста.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар