25 „чудни“ работи коишто луѓето ги прават поради анксиозноста

25 „чудни“ работи коишто луѓето ги прават поради анксиозноста

Доколку подолго време се борите со анксиозност, можеби имате забележано некои необични работи коишто ги правите во тешките моменти или можеби имате „чудни“ начини за справување со неа.

25 „чудни“ работи коишто луѓето ги прават поради анксиозноста

Без разлика дали постојано си го проверувате пулсот, анксиозноста ви се манифестира во облик на гнев или пак, сте пронашле некој таен метод за справување, којшто ви е срам да го споделите со останатите, имајте на ум дека не сте сами. Единствениот начин да му се спротивставиме на срамот и стигмата којашто кружи, дека луѓето коишто се борат со анксиозност прават „чудни работи“, е отворено да зборуваме за оваа состојба. Не заборавајте, дека е сосема во ред, да не се чувствувате во ред и знајте дека нема апсолутно ништо срамно во тоа да се борите со анксиозност.

Во продолжение, прочитајте ги овие 25 „чудни“ работи коишто луѓето ги прават кога се анксиозни и решиле да ги споделат нивните приказни, со остатокот од светот.

1. „Постојано си ги чепкам кутикулите на ноктите. Кога анксиозноста ми станува уште полоша, си ја штипкам кожата на врвот од бутовите. Тоа е дискретно и ми предизвикува мала болка, којашто е доволна за подзаборавам на негативните мисли, без да си наштетувам. На овој начин, најчесто можам да воспоставам контрола врз моменталната ситуација.“ – Џесика Ф.

2. „Секој прст го завиткувам со широк селотејп, во повеќе слоеви, до степен да не можам да го свиткам. Откако ќе ги завиткам сите прсти на едната рака, почнувам полека да го одлепувам селотејпот. Ова е бавен процес, којшто ми овозможува да го смирам умот. Го правам ова уште како дете. Сега имам 46 години.“ – Кетрин Џ.

3. „Постојано зевам. Знам дека изгледа глупаво, но не можам да си помогнам. Како што мојата анксиозност станува сè полоша на моменти, така јас сè почесто и почесто го правам тоа. Се чувствувам како да не можам да вдишам доволно воздух, па морам постојано да зевам. Го правам ова уште како дете, но дури неодамна сфатив дека тоа е еден вид хипервентилација (синдром на прекумерно дишење).“ – Леа Х.

4. „Кога сум анксиозна, морам постојано да одам во тоалетот по мала нужда.“ – Емили Л.

5. „Понекогаш мојата анксиозност се претвора во гнев. Луѓето, честопати не можат да сфатат зошто сум гневна, а дури ни самата јас не можам во моментот да сфатам дека гневот ми произлегува од нападот на анксиозност.“ – Сара К.

6. „Многу го тресам телото. Прво, започнувам со тапкање на стапалата од подот. Потоа, почнувам интензивно да ја тресам ногата и да тропкам со рацете. Тешко е да се сокријат овие движења, па сите околу мене автоматски почнуваат да ме погледнуваат, а тоа прави да се чувствувам како чудак.“ – Дениел В.

7. „Си ги притискам моите или мозолчињата на моето момче, со коешто сум во врска 3 години. Тој го мрази ова, но кога се чувствувам ептен лошо, тој ја соблекува маицата и легнува на стомак, за да можам да му ги притискам мозолчињата коишто ги има на грбот. Доколку е многу уморен од работа и не може да го направи тоа за мене, почнувам да плетам, за да ми бидат рацете зафатени со некоја активност.“ – Мери У.

8. „Си лепам вештачки нокти, чекам 30-тина минути и потоа ги одлепувам. Секојпат се обидувам да ги оставам залепени, убедувајќи се себеси дека тие ќе ме спречат да си ги грицкам моите природни нокти, но едноставно не можам, а да не ги извадам!“ – Сара В.

9. „Кога анксиозен бран ќе ме нападне пред група од луѓе, почнувам да танцувам како робот и да испуштам роботски звуци. Во тие моменти се чувствувам хиперактивно и станувам параноична.“ – Аманда Н.

10. „Колекционирам голем број прстени за клучеви и разни други приврзоци, на коишто можам да ги закачам моите клучеви. Тоа го правам од две причини: 1. Помислата дека можам да ги изгубам клучевите ме прави анксиозна, па се правам сè што можам за тоа да не се случи. 2. Ги чепкам и се занимавам со нив, кога станувам анксиозна во јавност.“ – Клои К.

11. „Кога почнува да ми надоаѓа анксиозноста или паничните напади, сакам да сум на многу ниски температури. Во моментот, не можам ни да го почувствувам студот, но свесна дека го допира моето тело, а тоа ми помага да се фокусирам на нешто.“ – Кортни Н.

12. „Секогаш кога сум анксиозна, почнувам да си го гребам лицето со ноктите, без да сум свесна за тоа. Тоа го правам, бидејќи се чувствувам како нешто да ме полазува по површината на лицето.“ – Карина М.

13. „Обожувам да ја плетам косата на моето бебе, на којашто сè уште не ѝ е дадена шанса да порасне подолга, бидејќи ја тегнам малку посилно, кога се чувствувам анксиозна. Тоа ме релаксира и ме става во спокоен транс.“ – Марта Д.

14. „Понекогаш почнувам да дрдорам нешто на Германски јазик или да потпевнувам слушајќи одредени песни, (исто така на Германски) сè со цел да се обидам да се смирам. Понекогаш е добро да се познава втор јазик, но каде што живеам јас, нема баш многу луѓе коишто зборуваат Германски, па сигурна сум дека на другите ова им изгледа чудно!“ – Кет Г.

15. „Кога сум пред други луѓе, не јадам колку што нормално би јадела ако сум сама. Се чувствувам како постојано да сум осудувана, па затоа пред другите, јадам само половина од регуларната порција, освен ако не станува збор за луѓе, пред коишто се чувствувам сосема удобно.“ – Аманда К.

16. „Вртам прамени од косата околу прстите, ги грицкам ноктите и ги притискам ушните ресички. Последново го имам научено уште кога бев дете, кога му ги притискав ушните ресички на татко ми, додека си го цицав палецот. И покрај тоа што не го шмукам веќе мојот палец, сепак сè уште си играм со ресичките и ги притискам. Тоа ме утешува, во тешките моменти.“ – Лиса М.

17. „Крцкам со забите толку силно, што другите луѓе можат да ме чујат. Исто така, имам навика да ја тресам ногата нагоре-надолу, држејќи го стапалото на подот. Понекогаш, кога сум сам, знам да правам чекори во круг. Да, тоа се моите необични навики, коишто ги практикувам поради мојата анксиозност.“ – Мајк И.

18. „Секаде со мене понесувам лак за нокти. Секојпат кога ќе се почувствувам премногу анксиозна и совладана од она што се случува околу мене, почнувам да си ги лакирам ноктите, за да ми светат. Ова за мене е како играње со играчката фиџет спинер. Ме смирува.“ – КЈ Б.

19. „Постојано си го проверувам пулсот на моето срце и ги ставам рацете на грлото, во обид да ги оттргнам невидливите раце, коишто ме дават.“ – Мери С.

20. „Постојано одев да седам на ВЦ – школката. Едноставно си седев таму некое време, без да правам ништо – немам поим зошто! Едноставно, еден ден започнав да го правам ова и ми премина во навика.“ – Ерика Џ.

21. „Моите раце се буквално секогаш во употреба. Со нив држам нешто, правам нешто или ги чистам ноктите одоздола. Никогаш не прекинувам да правам нешто со нив. Дури имам и шема којашто ја следам некојпат, па ако нешто ми ја прекине, морам одново да почнам да ги притискам врвовите од прстите, сè додека не почувствувам рамнотежа.“ – Лана Џ.

22. „Постојано си ги проверувам моите профили на социјалните мрежи, за да бидам сигурна дека не сум објавила нешто несоодветно и навредливо… И покрај тоа што никогаш досега не сум го направила тоа!“ – Дакота К.

23. „Секоја вечер се тркалам во креветот околу еден час. Се обидувам да прекинам, но чувствувам како моите нозе да сакаат да се движат. Ова ми се случува и после испивањето на лековите за анксиозност.“ – Барбара В.

24. „Постојано ми е топло поради анскиозноста. Дури и во сред зима, се облекувам во шорцеви и маица без ракави, бидејќи телото ми е премногу жешко.“ – Меги Б.

25. „Понекогаш, кога мојата анксиозност ме ‘излудува’, се туширам неколку пати во текот на денот… Топлата вода малку ме смирува.“ – Брук К.

Прочитајте и кои скриени супермоќи ги имаат луѓето со анксиозност, според науката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар