Ошова медитација за дишење низ чакрите

Ошо осмислил голем број видови на медитација. Тој е свесен дека модерните луѓе не можат само мирно да седат и медитираат, па затоа создал активни техники на медитација кои ни помагаат да ја придвижиме својата енергија и да ја насочиме во набљудување на она што ни се случува. На тој начин, таа го отвора патот до нашата свест и постојано расте и ги проширува нашите видици. Една од Ошовите медитации е наречена дишење низ чакрите.

Ошова медитација за дишење низ чакрите

Пред сè, во позадина треба да има тивка музика наменета токму за овој вид на медитирање (постојат плејлисти на Јутјуб), а потоа се следат следниве чекори:

Во првата фаза, застануваме релаксирано, со нозете раширени колку ширината на рамениците, со подотворена уста и јазикот поставен на долната усна и дишеме длабоко. Притоа ја визуелизираме првата чакра и со споени раце правиме движења кон неа, како да ја туркаме енергијата таму. Должините на вдишувањето и издишувањето треба да бидат еднакви. По некое време, во музиката ќе се појави звук на ѕвоно, што е знак дека треба да преминеме на втората чакра.

Ошова медитација за дишење низ чакрите

Дишењето продолжува врамнотежено, а рацете ги насочуваме кон следната чакра. Ќе забележите дека ритамот на дишењето природно се забрзал. Продолжувате да ја насочувате енергијата кон седмата чакра, а кога во музиката ќе ги чуете звуците на ѕвоното, се враќате на првата чакра. Потоа следи кратка пауза, а кога музиката ќе продолжи, продолжуваме и ние со дишењето и насочувањето на енергијата кон чакрите.

Во втората фаза, седиме или лежиме во потполна тишина и размислуваме за она што ни се случува, без да се обидуваме да смениме ништо. На тој начин стануваме неутрален сведок на својата судбина. Ова се моменти од медитацијата во кои може да се случи да бидеме сведоци без судење и лесно да дојдеме до решение на проблемите кои ни било цело време пред очи, но нашата енергија не била насочена кон негово решавање.

Прочитајте и 15 цитати од Ошо кои ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и среќата.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар