Претходно
17 животни лекции што ги научивме од чик-флик филмовите
Датум: 13 ное 2015
Коментари: 0
Романтичните комедии, иако омилени на многу девојки, не се многу ценети во филмската индустрија, но факт е дека многу може да се научи од нив. Од конфликти до љубов, овие филмови даваат скапоцени лекции кои секоја девојка треба да ги знае и применува во секој аспект од нејзиниот живот.
1. „Легално русокоса“ – Можеме да направиме сѐ што ќе замислиме.

2. „Грдиот којот“ – Без разлика колку тешко изгледаат нештата, важно е секогаш да ја кажуваме вистината, освен на нашите татковци. Никогаш не му кажувајте на татко ви дека сте се преселивле во друг град за да играте во бар.

3. „Најслаткото нешто“ – Некогаш е во ред да имаме опсесија со некој кој можеби е свршен или треба да се жени.

4. „Играј како Бекам“ – Љубовните триаголници се во ред и на крајот сепак може да останете добри пријатели.

5. „Слаткиот дом Алабама“ – Понекогаш љубовта од детството може да биде љубов за цел живот, но тоа нема да го знаете до крајот.

6. „Собарката од Менхетен“ – Не секој може да носи целосно бели комбинации.

7. „Како да изгубите момче за 10 дена“ – Караокето е забавно, но никогаш не треба да го правите додека сте во пијана состојба.

8. „Љубов, всушност“ – Ако сте горда жена во брак и давате љубовен совет на неодамнешна вдовица, тогаш треба да отстапите затоа што вашиот маж веројатно за брзо ќе има афера.

9. „Од Џастин до Кели“ – Дури и луѓето со лоши фризури заслужуваат љубов. Тоа е всушност и единственото нешто што го научивме од овој филм.

10. „Гигли“ – Сепак најдобро е да не работиме со личноста во која сме заљубени.

11. „Ќерката на претседателот“ – Ако сте татко кој е претседател на САД голема е веројатноста дека ќе најмите згоден телохранител кој се преправа дека е студент за да ја надгледувате ќерка си.

12. „Датум за свадба“ – Некогаш е во ред да плаќате за секс. Всушност, ова и не е баш добра лекција…

13. „Освојте состанок со Тед Хамилтон“ – Дури и филмските ѕвезди имаат тешкотии да ја најдат љубовта на нивниот живот.

14. „50 први состаноци“ – Тотално е океј да искористите некој што не е во ред, затоа што љубовта е најважна!

15. „Мојот живот во Гарден Стејт“ – Музиката има моќ да ви го промени животот.

16. „Од 13 години на 30“ – Да се има 30 е ужасно, а да се има 13 е подобро.

17. „Под тосканското сонце“ – Секогаш е добра идеја да го промените животот и да се преселите во Италија бидејќи таму може да имате секс со згоден Италијанец.






























