12 урнебесни начини да ги одбиете момците кои не сакате да ви се додворуваат

12 урнебесни начини да ги одбиете момците кои не сакате да ви се додворуваат

Кога би живееле во совршен свет, девојките би можеле да им кажат на лигавите типови во дискотеките дека не се заинтересирани и тие едноставно би ги оставиле на мира. Не би требало да се двоумите дали да го кажете тоа директно, но понекогаш ќе сретнете некое момче кое нема да го разбере очигледниот знак. Според тоа, ова се 12-те урнебесно смешни и ефективни начини благодарение на кои ќе можете да се ослободите од чудниот тип кој никако да се откачи од вас…

12 урнебесни начини да ги одбиете момците кои не сакате да ви се додворуваат

1. „Извини, ама ќе се преселам во странство како дел од програмата за заштита на сведоци“

Видов како едно момче ѝ се додворува на девојка и таа му кажа дека не е заинтересирано, а тој не сакаше да ја остави на мира. Бев сведок на тој ужасен криминал и сега морам да се преселам. Каде? На Месечината.

2. Преправајте се дека не знаете ниту еден македонски збор освен „чао“

Ако тој не ја сфати пораката по 5 последователни „чао“, во ред е да го одминете како да е дух.

3. „Да не бев веќе омажена за полицаец, дефинитивно ќе излезев со тебе“

Чудаците најмногу од сѐ на светот мразат луѓе кои познаваат полицајци.

4. „Секако! Мојот телефонски број е 077 еден не не не не не“

Ако е особено бавен, може да побара од вас да го повторите бројот, но дури и да го стори тоа „не“ не е тежок број да се запамети и повтори.

5. „Дефинитивно треба да одиме на кафе, и онака планирам да се омажам и да имам две деца до наредно лето“

Би требало да е навистина посебен случај за да си помисли „Оваа непозната девојка сака да се омажи за мене и да чуваме 2 деца за 12 месеци. Може!“.

6. „Да! Би сакала да излезам со некој од оваа планета. Никогаш не сум го направила тоа“

Лажен вонземјанец = засекогаш сама.

12 урнебесни начини да ги одбиете момците кои не сакате да ви се додворуваат

7. Испуштајте гасови

И воопшто не изгледајте засрамено. Напротив, насмевнете се. Насмевнете се гордо.

8. „Важи, ама ако ми платиш да го замрзнам телото по смртта“

Видете, сите си имаат цена. Тоа е вашата.

9. „Ќе излезам со тебе ама имај на ум дека сите мои љубовни состаноци траат минимум 10 секунди, што значи овој е речиси завршен“

И не отстапувајте од тие 10 секунди, туку проверете го телефонот и кажете „Тоа беше забавно. Чао.“

10. „Само ако моите 8 мачки дојдат со мене. А ниту една од нив нема тоалетни навики, така што…“

Момците не сакаат ништо повеќе од девојки со еден куп мачки кои мочаат насекаде.

11. „Јас сум всушност алергична на мажи“

Тоа е навистина честа појава денес, проверете на Интернет.

12. „Секое момче што сум го имала умрело под мистериозни околности, но веројатно би можела да пробам пак“

И задржете мртов сериозен поглед на вашето лице додека полека си заминувате. Потоа сте слободни!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Aна Reply

    Страшно.. поглупава статија немам прочитано во животов.

Остави коментар