Топ 5 содржини за изминатата недела (23.5.-29.5)

Топ 5 содржини за изминатата недела (23.5.-29.5)

Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (23.5.-29.5)

1. Рајска куќа на Ибица

За многумина, Ибица во Шпанија е како парче од рајот, остров на задоволствата со најневеројатен природен предел каде што сè е возможно. Водата таму е невообичаено сина и сè наоколу изгледа неверојатно, како да сонувате. Куќата Casa Jondal е дел од ова волшебно парче на Земјата.
.

2. Магнетската привлечност кај спротивните астролошки знаци

Љубовната хемија помеѓу двајца заљубени луѓе е возбудлива, непредвидлива, интересна, но може да биде и многу исцрпувачка за партнерите. Кои било два хороскопски знаци од зодијакот можат добро да се сложуваат, доколку се спремни да поминат преку недостатоците на својот партнер. Кај спротивните знаци пак, постои една моќна меѓусебна привлечност уште од самиот почеток, но исто така тие се соочуваат и со моќни предизвици во врската, кои доаѓаат до израз поради нивните тотално спротивставени карактери. Дознајте како вие и вашиот спротивен знак во хороскопот можете да ја вратите искрата во вашата врска која ве споила на почетокот.
.

3. Смешни начини на раскинување
.

„Сè уште ми недостасува мојот бивш, но пoзабавно ми е да го гледам како пати.“

Најдобро е да се избегнуваат ваквите тажни и тмурни изјави. Она што обично ни помага да продолжиме понатаму после раскинувањето, се смешните ситуации на кои се присетуваме.

Без разлика дали ќе му ги пратите на вашиот бивш/а преку СМС или пак ќе си ги задржите само за себе, со ваквите изјави и мисли, секако ќе имате причина да се насмеете. Плус, запомнете дека понекогаш работите треба да се сфаќаат малку полабаво, понесериозно.
.

4. 4 совети за да си го подобрите и изострите видот

Мај е месец на видот, утврден од Националниот институт за очите, со цел да се зголеми свесноста кај луѓето за здравјето на нивните очи и откривање на проблемите со видот. Овие четири совети ќе ви помогнат да го изострите видот за да можете да ù погледнете кристално чисто на иднината во очи.
.

5. Најскапото Ламборгини на светот „Sesto Elemento“

Најскапото и најелегантното Ламборгини на светот ќе се појави по одбрани светски салони при крајот на 2011 година. Концептот за новиот модел „Sesto Elemento“, кој беше презентиран во Париз кон крајот на минатата година и успеа да привлече многу внимание, сега е во напредна фаза на развој. Се шпекулира дека моделот ќе се произведе во лимитирана едиција од околу 20 возила, кои ќе чинат по 2 милиони евра.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. zaklina Reply

    dosta interesno

Напиши одговор на zaklina Откажи одговор