Есента и зимата се најпознати по палтата и капутите. Не само што нѐ одржуваат стоплени и изолирани од лудото време туку се и важен дел од целокупниот изглед.
Секоја сезона носи нови модни трендови, па дури и кога станува збор за џемперите. Оваа сезона хит се топлите и удобни џемпери, и тоа во кратка или долга варијанта, асиметрични или прави.
Иако кога ќе залади времето и есента е веќе длабоко пристигната, сите веднаш се фаќаме за темните облеки и обувки, тоа не е правило што го наметнуваат модните трендови.