Тигрево око: Хит боја на коса за оваа сезона

Веќе пишувавме кои бои на коса ќе бидат популарни оваа сезона, но сепак одлучивме подетално да се задржиме на еден од најпопуларните трендови.

1-hit-boja-na-kosa-za-ovaa-sezona-kosa-vo-nijansite-na-tigrovo-oko-www.kafepauza.mk_

Доколку судиме по социјалните мрежи, како што се Пинтерест и Инстаграм, тогаш најпопуларниот начин на бојадисување на косата за оваа сезона својата инспирација ја пронајде во древниот полускапоцен камен „тигрево око“, во кој се прелеваат богати нијанси на кафеава и златна боја.

9-hit-boja-na-kosa-za-ovaa-sezona-kosa-vo-nijansite-na-tigrovo-oko-www.kafepauza.mk_

Техниката на која овој камен се рекреира во косата е слична како бајлажот, а како резултат се добива убава и природна нијанса која е лесна за одржување. За идеална верзија експертите за коса на подлога од топла или темна чоколадна боја со помош на четката ќе нанесат прамени со нијанса на златна карамела. Резултатот е преубава боја која се прелива од темно кафеава во темно златна нијанса слична на карамела.

10-hit-boja-na-kosa-za-ovaa-sezona-kosa-vo-nijansite-na-tigrovo-oko-www.kafepauza.mk_

Тигревото око е камен кој е познат за зголемување на самодовербата и заштита, па може ли оваа боја за коса да има сличен ефект?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар