Доминација на големите и широки џемпери: Бордo, портокалови, црвени, жолти…

Удобните џемпери со или без плетенки и оваа есен доминираат во колекцијата на најпознатите светски дизајнери. Во тренд се големи, топли и практични модели кои можете да ги носите и како фустани и како туники, а одлично се комбинираат со фармерки, здолништа, кошули, маички, како и со чизми над колена.

1-dominacija-na-golemite-i-shiroki-dzhemperi-borda-portokalova-crvena-zholta-www.kafepauza.mk_

Доколку сте љубители на класичните модели, воопшто нема да погрешите ако се одлучите за практични „клот“ ролки и модели со кружен или V-израз. Покрај секогаш актуелните нијанси на беж, пудресто розова и бордо, за оваа сезона модерни се и јаките бои како портокаловата, црвената, жолтата, како и моделите украсени со налепници. А за некои специјални прилики, комбинацијата можете да ја надополнете со ефективни детали, како шешир, каиш, брош, голем ѓердан и слично.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар