Eucerin Hyaluron Filler Concentrate - Eucerin хијалуронска колекција за подмладување на кожата

Eucerin Hyaluron Filler Concentrate – Eucerin хијалуронска колекција за подмладување на кожата

Hyaluron Filler концентрат е интензивен серум кој содржи високо концентрирана хијалуронска киселина и сапонин и е особено ефикасен во пополнувањето на брчките кои настануваат со драстичното опаѓање на природното производство на хијалуронската киселина. Овој производ во комбинација со останатите производи од оваа колекција ја враќа виталноста на кожата, а на лицето и на пределот околу очите забележливо ја подобрува цврстината на кожата и ја спречува појавата на нови брчки.

0-eucerin-hyaluron-filler-concentrate-eucerin-hijaluronska-kolekcija-za-podmladuvanje-na-kozhata-kafepauza.mk

Концентрираниот хијалуронски серум се нанесува на исчистена кожа, пред нанесувањето на дневниот, ноќниот или кремот за кожата околу очите. Брзо се апсорбира и навлегува во длабоките слоеви на епидермисот, оставајќи на површината на кожата пријатно чувство на заштита и формирајќи слој кој спречува да се изгуби влажноста.

eucerin-hyaluron-filler-concentrate-eucerin-hijaluronska-kolekcija-za-podmladuvanje-na-kozhata-kafepauza.mk

Посебно добри резултати дава во комбинација со останатите производи од колекцијата Eucerin® Hyaluron.

Производите на Eucerin Hyaluron содржат природна хијалуронска киселина и сапонин – природен екстракт од соино зрно кој помага за долготрајно пополнување на брчките и докажано ефективно го стимулира природното производство на хијалуронска киселина во кожата. Хијалуронската киселина по природен пат се произведува во слоевите на дермисот и игра важна улога во одржувањето на цврстината на кожата пополнувајќи ја од внатре кон надвор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар