BrainHunt.mk – Проект за учество и наградување на средношколците во бизнисот!

BrainHunt.mk – Проект за учество и наградување на средношколците во бизнисот!

Факултетот за Бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за Бизнис економија (ИБЕ) со големо задоволство го презентираат BrainHunt.mk – атрактивен образовен проект за поттикнување на младите луѓе да размислуваат, да создаваат и да се вклучат во светот на бизнисот. Целта е средношколците, како млади луѓе полни со креативност и идеи, да ја научат практичната страна на бизнисот, а за тоа да бидат константно наградувани!

1-BrainHunt.mk – Proekt za uchestvo i nagraduvanje na srednoshkolcite vo biznisot!-kafepauza.mk

Почнувајќи од 31-ви март, секоја недела тимот на BrainHunt.mk ќе организира бизнис натпревар на популарната социјална мрежа Facebook во соработка со своите партнери. Дел од партнерите на BrainHunt.mk во почетната фаза се СЕТЕК, Алкалоид Скопје, Академија за Самоодбрана, Bastet Noir, Акцент Компјутери, Преплет, StarTalk, #Омајгад и многу други.

Од средношколците се очекува да ги споделуваат нивните идеи и мислења за различни задачи секоја недела:

  • Смислување на нов слоган на популарен бренд или производ
  • Редизајн на лого на компанија, производ или услуга
  • Креирање на вирално видео
  • Решавање на интересни бизнис задачи
  • Креативно пакување за одреден производ
  • Бизнис план за иновативен производ или услуга и уште многу други интересни активности

Оние најкреативните и најдобрите ги очекуваат вредни награди во соработка со партнерите на BrainHunt.mk.

BrainHunt.mk – Proekt za uchestvo i nagraduvanje na srednoshkolcite vo biznisot!-kafepauza.mk

Дознајте повеќе на BrainHunt.mk и очекувајте го првиот бизнис натпревар на фан-страната на Facebook на 31-ви март!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар