Тест: Маската која ќе ја изберете ќе ви каже што сакате да скриете од другите!

Тест: Маската која ќе ја изберете ќе ви каже што сакате да скриете од другите!

Изберете ја маската што најмногу ве привлекува, а таа ќе ви открие што е тоа што не сакате другите да го дознаат за вас.

Тест: Маската која ќе ја изберете ќе ви каже што сакате да скриете од другите!

  • Маска бр. 1

    Вие ги криете вашите идеи и тоа од сосема едноставна причина – се плашите дека некој ќе ви ги украде или дека ќе ви се смее поради вашиот начин на размислување. За вас идеите претставуваат важен дел, не само од професионалниот туку и од личниот живот. Затоа, не е чудно тоа што не сакате да ги откривате своите планови, барем додека не ги реализирате.

  • Маска бр. 2

    Честопати ги криете своите чувства. За многумина, вие сте „кул“ личност, но вашата природа е топла и добронамерна иако тоа не е лесно воочливо. Причината за таквото однесување е тоа што се плашите другите да ја искористат вашата добрина здраво за готово.

  • Маска бр. 3

    Потајно ги набљудувате другите без да им дадете до знаење. Вие сте нем посматрач и понекогаш се случува да ги одгатнете мистериите на другите. Сепак, вашите заклучоци ги чувате само заа себе и не сакате со никого да ги споделите.

  • Маска бр. 4

    Она што го криете од другите е вашата страст. Не станува збор само за физичката, туку понекогаш може да се работи и за онаа страст поврзана со вашите цели и соништа. Се плашите дека вашите желби можат да бидат погрешно разбрани и дека другите би можеле да ве критикуваат поради тоа. Затоа ја криете страста и се однесувате како едноставно ништо да не се случува.

  • Маска бр. 5

    Вие сте личност која никогаш не ја открива својата болка. Секогаш кога и да наидете на тешкотии, вие со насмевка се обидувате да ги пребродите. Сметате дека вашата болка ви припаѓа само вам и дека никој друг не може да ја разбере. Затоа се чувствувате сигурно во вашиот свет, а на надворешниот му се обраќате само со насмевка.

  • Маска бр. 6

    Вие сте личност која ја криете љубовта кон другите и ја изразувате само кога станува збор за посебна личност. Тоа не значи дека во своето срце негувате љубов кон само една личност, туку едноставно не секогаш сакате да ја споделите.

Доколку се забавувавте со овој тест, ви препорачуваме да направите и друг во кој универзумот ќе ви открие што ве очекува во животот.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар