Најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот

Најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот

Вил Смит е еден од најпознатите актери во светски рамки, но и еден од малкуте уметници кои се подеднакво успешни како во филмската, така и во музичката индустрија. Преку неговите филмови и говори тој е инспирација за милиони луѓе ширум светот. Во продолжение прочитајте дел од неговите инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да го живеете максимално животот.

Најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот

„Првото нешто што морате да го направите е да си кажете дека можете да го сторите тоа.“

„Голем дел од луѓето ги трошат парите што не ги заработиле за да купат работи што не ги сакаат со цел да ги импресионираат луѓето кои не им се допаѓаат.“

„Секое утро се будам со помислата дека денес ќе биде подобро од вчера.“

„Стравот не е вистински. Единственото место каде стравот може да опстојува е во нашите мисли за иднината. Тоа е производ на нашата имагинација што прави да се плашиме од нештата кои не постојат во моментов и можеби никогаш нема да постојат. Не ме сфаќајте погрешно, опасноста е вистинска, но стравот е само избор.“

„Реалистичкото однесување води кон патот на медиокритетот.“

„Доколку не се изборите за она што го посакувате, не плачете за она што сте го изгубиле.“

„Престанете да им дозволувате на луѓето кои прават толку малку за вас да ги контролираат вашите мисли и чувства.“

„Не знам кој е мојот призив, но сакам да верувам дека постојам поради поголема причина. Моето постоење тежнее кон тоа да биде рамо до рамо со најголемите луѓе кои некогаш живееле.“

„Нема потреба да имате план Б бидејќи тоа само ќе ви го одвлекува вниманието од планот А.“

„Во моите мисли јас отсекогаш сум бил еден од најдобрите холивудски актери само што вие сè уште не го знаевте тоа.“

Откако ги прочитавте најдобрите цитати на Вил Смит, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.

Извор: goalcast.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар