12 од најдобрите книги на сите времиња

12 од најдобрите книги на сите времиња

Литературните критичари, историчарите и обичните читатели секогаш ќе имаат различно мислење за тоа која е најдобрата книга на сите времиња. Дали тоа е книга со неверојатен јазик, или книга која ја претставува реалноста? Дали можеби најдобра е книгата која оставила голем социјален впечаток и го променила светот? Бидејќи е тешко да се издвои само една, погледнете кои се некои од најдобрите книги на сите времиња.

1. „Ана Каренина“ – Лав Толстој (Anna Karenina)

12-те најдобри книги на сите времиња

Секој обожавател на приказните за прељуба, коцкање, брачни проблеми и рускиот феудализам, веднаш би ја ставил оваа книга на првото место. Напишана од рускиот писател Лав Толстој, оваа книга ја раскажува приказната на двајца главни ликови – тажната и разочарана Ана која бега со нејзиниот млад љубовник, и вљубениот земјопоседник Константин Левин кој се мачи со верата и филозофијата. Толстој одлично ги прикажува љубовта, болката и семејството во руското општество, а книгата е особено револуционерна во однос на прикажувањето на предрасудите и социјалните проблеми на жените во тој период.

2. „Да се убие птицата подбивница“ – Харпер Ли (Tо Kill a Mockingbird)

12-те најдобри книги на сите времиња

Оваа книга е издадена во 1960-та година и веднаш станала класика. Книгата го прикажува расизмот во југот на Америка преку очите на паметно младо девојче. Иконските ликови, особено адвокатот и татко, Атикус Финч, ја променија перспективата на САД во период кога напнатоста помеѓу расите биле навистина голема.

3. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд (The Great Gatsby)

12-те најдобри книги на сите времиња

Оваа приказна е раскажана од перспективата на еден млад човек кој неодамна се преселил во Њујорк и се спријателил со неговиот богат и ексцентричен сосед Џеј Гетсби. Книгата ни дава одличен увид во Ерата на џезот во 1920-тите во САД, а истовремено ја критикува идејата за „Американскиот сон“.

4. „Сто години самотија“ – Габриел Гарсија Маркез (One Hundred Years of Solitude)

12-те најдобри книги на сите времиња

Колумбискиот автор го објавил неговото најпознато дело во 1967-ма година. Во книгата се раскажува за 7 генерации од семејството Буендија, изградбата на нивниот град Макондо, па сè до неговото уништување заедно со последните наследници од семејството. Користејќи фантазија, новелата го истражува магичниот реализам нагласувајќи ја необичната природа на вообичаените нешта, додека мистичните работи се чести.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Има многу подобри книги од некои од овие.
    Според кого се овие најдобри книги? Според кој избор? Тоа треба да се каже.

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор