12 од најдобрите книги на сите времиња
5. „Едно патување до Индија“ – Е. М. Форстер (А Passage to India)

Форстер ја напишал оваа книга по неколку патувања во државата во неговата младост. Книгата била објавена во 1924-та година и ја следи приказната на индискиот муслиман, доктор Азиз и неговата врска со професорот Кири Филдинг и учителката Адела Кестед. Книгата ја истражува можноста за пријателство и поврзаност помеѓу Англичаните и Индијците и покрај нивните културни разлики. Неверојатниот опис на природата и пејзажот на Индија ја прават оваа книга една од најдобрите.
6. „Невидлив човек“ – Ралф Елисон (Invisible Man)

Често мешано со „Невидливиот човек“ (The Invisible Man) од Х. Џ. Велс, делото на Елисон е искажување на идентитетот на еден Афроамериканец. Нараторот во книгата е маж кој никогаш не е именува и кој верува дека е „невидлив“ за другите во општеството. Тој се сели од Југот во Њујорк, и на секоја локација се соочува со екстремна дискриминација. Книгата е популарна поради надреалниот и експерименталниот стил на пишување, кој го истражува симболизмот на афроамериканскиот идентитет и култура.
7. „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес (Don Quixote)

Ова е можеби највлијателното и најпознатото дело од шпанската литература и прв пат е целосно објавено во 1615-та година. Книгата често се смета како едно од најдобрите литературни дела и ја раскажува приказната за еден маж кој е опседнат со романтичните новели за кавалерството и сака самиот да стане херој. Самиот лик на Дон Кихот на некој начин е идол и има влијание во многу музички, уметнички и литературни дела.
8. „Сакана“ – Тони Морисон (Beloved)

Оваа духовна приказна раскажува за избеганата робинка која бега во Охајо во 1873-та година. Во книгата е опфатена траумата од ропството, дури и откако ќе се добие слободата. Главниот лик е соочен со вина и емоционална болка откако ја убила нејзината ќерка, која ја крстила Сакана, само за да ја спаси од животот во ропство. Книгата ги нагласува психолошките ефекти на ропството и важноста на семејството и заедницата во процесот на закрепнување.
Продолжува на следната страница…
