8 совети од мајки за љубовта кон себе

За да одгледате дете, веројатно треба да имате навистина големо срце. Мајките се силни, мудри и искрено секогаш се во право, дури и кога не сакаме да признаеме. Токму поради ова советите од мајките за љубовта кон себе се најдобрите. Љубовта кон себе има различно значење за сите. Но прашајте ја вашата мајка, тетка или која било друга силна жена во вашиот живот за ова, и сигурно ќе се изненадите од нејзиниот одговор. Дотогаш, прочитајте ги неверојатните совети за љубовта кон себе од неколку мајки.

8 совети од мајки за љубовта кон себе

1. Љубовта кон себе значи да истапите за некој друг

„Искрено, не сум одела често на маникир или во спа центар. Мислам дека љубовта кон себе е правење нешто во коешто уживате и да бидете независна личност која ќе истапи напред за оние кои не се толку среќни.“ – Џизел, 61

2. Сакајте се за личноста којашто сте

„Ако би требало сето ова да го направам одново, мојот избор би бил да не им зборувам на моите деца за тежина, диета и физички изглед, туку да ги фокусирам кон тоа да се сакаат себеси онакви какви што се.“ – КТ, 55

3. Секој ден е нов

„Секој ден е нов ден. Обидете се да бидете позитивни и прифатете ја несовршеноста.“ – Сели, 60

4. Најдете го вашето друштво

„Многу е важно да најдете група од жени кои ќе ве почитуваат и ќе ве поддржуваат и кои рефлектираат што е навистина овде. Да најдете нешто што ќе го сакате безусловно и да научите да ги заборавите малите проблеми. Ако се сакате и се грижите за себе, истото ќе го прават и вашите партнери и семејството.“ – Дом, 34

5. Најдете радост

„Правете го она што ве радува и правете го без извинување.“ – Џејми, 55

6. Дозволете си да заблескате

„Мојот совет е да се забавувате откривајќи ги сите ваши уникатни и неверојатни дарови. Секој од нив ве прави посебни, дури и оние кои другите ги сметаат за лоши или различни. Дозволете им на вашите дарови да заблескаат. Не дозволувајте им на другите да стават темен облак врз вашата светлина! Тогаш сите ќе можеме да заблескаме.“ – Пени, 58

7. Ставете се на прво место

„Да се сакате себеси значи да се грижите за себе и да запомните да се грижите за себе кога треба да се грижите и за другите.“ – Стејси, 26

8. Живејте ден за ден

„Ако се чувствувате тажно или лошо, излезете и купете си нова блуза, или искомбинирајте добра облека, или направете си фризура. Ако се чувствувате полни со самодоверба, можете да се справите со сè. Дури и ако не ја чувствувате самодовербата однатре, кога ја покажувате однадвор можете да живеете ден за ден.“ – Марша, 63

Прочитајте ги и овие цитати за љубовта кон себе што ќе ви го променат животот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар