15 цитати за љубовта кон себе кои ќе ви го променат животот

15 цитати за љубовта кон себе кои ќе ви го променат животот

Љубовта кон себе ќе ви ја врати самодовербата, ќе ви дозволи да го живеете животот како што треба и ќе ви помогне да го надминете секој неуспех од минатото. Со други зборови, љубовта кон себе ви помага да бидете смирени, прибрани и да најдете решение на сите проблеми во вашиот живот. Овие цитати за љубовта кон себе ќе ве мотивираат и ќе го променат вашиот живот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Да се сакате себеси не значи да бидете нарциси или да ги потценувате другите. Тоа значи да се гледате како почесен гостин во вашето срце, гостин достоен за почит.“ – Марго Ананд

„Мислам дека најважното нешто во животот е љубовта кон себе, бидејќи ако немате љубов кон себе и немате почит кон сè што е поврзано со вашето тело и вашата душа, тогаш како ќе имате автентична врска со некој друг?“ – Шејлин Вудли

„Никогаш не дозволувајте да ве натераат на тишина. Не дозволувајте да станете жртва. Не прифаќајте ничија дефиниција за вашиот живот, туку дефинирајте се самите.“ – Харви Фирстајн

„Животот е премногу краток за да се прашувате што другите мислат за вас. Најпрво, ако тие имале нешто подобро во нивниот живот, немало да имаат време да разговараат за вас. Она што ми е важно не се мислењата на другите за мене, туку моето мислење за мене.“ – Џојбел

„Многу често, во нашата култура и општество, ја ставаме романтичната љубов на повисоко ниво од љубовта кон себе и пријателите. Не можете да го правите тоа. Мора да ги цените и да инвестирате во сите овие врски.“ – Дилајла

„Принципот што го нарекуваме љубов кон себе никогаш не бара нешто однадвор без причина, туку само како начин на постигнување среќа или добрина – одредени чувства се наоѓаат во самите надворешни нешта.“ – Џозеф Батлер

„Кога сте својот најдобар пријател, нема бескрајно да барате врски, пријателства и признанија од погрешни извори бидејќи ќе сфатите дека единственото признание кое ви е потребно е вашето.“ – Менди Хејл

„Секогаш сте со себе, па подобро е кога уживате во друштвото.“ – Дајен вон Фурстенберг

„Ако не можете да се сакате себеси, нема да можете да сакате ни некој друг. Нема да ги сакате енергијата и времето кои ѝ ги давате на друга личност, а не си ги давате себе.“ – Барбара Де Анџелис

„Љубовта кон себе навистина е столб за сè. А како ја искажувате е многу, многу важно.“ – Соланж Ноулс

„Најдете ја љубовта што ја барате така што прво ќе ја најдете во себе. Научете да живеете во местото во вас кое е вашиот вистински дом.“ – Рави Шанкар

„Најубавите луѓе кои ги знаеме се оние кои се соочиле со пораз, страдање, загуба и си го пронашле патот надвор од длабочината. Овие луѓе имаат ценење, чувствителност и разбирање за животот што ги полни со нежност. Убавите луѓе не се случуваат туку-така.“ – Елизабет Кублер-Рос

„Само да можевте да почувствувате колку сте важни за луѓето кои ги среќавате, колку важни можете да бидете за луѓето кои можеби не ги ни сонувате. Има нешто од вас што го оставате секогаш кога се разминувате со друга личност.“ – Фред Роџерс

„Здравата љубов кон себе значи дека нема потреба да барате оправдување за тоа што сте отишле на одмор, сте заспале, сте купиле нови чевли и зошто одвреме-навреме сте се разгалувале. Се чувствуваме удобно правејќи работи кои додаваат квалитет и убавина на животот.“ – Ендрју Метјус

„Сакајте се себеси и сè друго само ќе си се намести. Навистина треба да се сакате себеси за да направите што било на овој свет.“ – Лусил Бол

Прочитајте ги и овие инспиративни цитати за убав почеток на неделата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар