Научниците откриваат трик за пиење кафе без дел од него да се најде на вашата облека

Научниците долго време го барале најпрактичниот начин да им помогнат на љубителите на кафето да не го истураат својот омилен пијалак додека уживаат во неговиот вкус. Користејќи комбинација од равенки, лабораториски експерименти и тестови со одење, тие ја испитале физиката зад проблемот и дошле до брилијантно решение.

Научниците откриваат трик за пиење кафе без дел од него да се најде на вашата облека

Како можни опции за проблемот биле вклучени вински чаши, одење наназад и додавање пена. Но, единствениот начин да избегнете кошула со флеки од кафе е доколку ја држите шолјата одозгора, како со „канџа“.

Научниците велат дека со држењето на кафето од страна, на пример за рачките, ние ја зголемуваме силата со која тоа удира во ѕидовите на самата шолја, па така и ги максимизираме шансите за истурање. Но, со едноставно менување на начинот на кој ја држиме шолјата, ние значително ја намалуваме можноста омилениот пијалак да ни се најде на облеката.

Пробајте и пишете ни дали ви се допаѓа овој трик или пак, сепак повеќе преферирате да се држите до старата рутина, дури и ако тоа значи истурање на дел од вашето омилено кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар