Модерна фамилија (Modern Family)

Модерна фамилија (Modern Family)

ТВ серија за модерните семејства во новото време

Модерна фамилија (Modern Family)Главни ликови: Ед Онил, Софија Вергара, Џули Боуен, Тај Барел, Џеси Тајлер Фергусон, Ерик Стоунстрит, Рико Родригез…

Жанр: комедија, мокументарец

Времетраење: 22 мин.

Премиера: 23 септември 2009

Јазик: англиски

Број на сезони: 2

Следна епизода: 17 ноември 2010

Наша оценка: 9

„Модерна фамилија“ е серија, која ќе ви ги долови современите семејства и семејните односи, преку едно фамилијарно дрво сочинето од 11 членови. Станува збор за три семејства, од кои првото е традиционално, второто е геј пар плус посвоено бебе, а третото е стар маж, преженет со млада Колумбијка, која има син од претходниот брак. Различните карактери, разликата во генерации и шармантната глума, креираат една живописна комедија во која не постојат никакви предрасуди, а нејзин главен мотив е љубовта од секаков тип.

Модерна фамилија (Modern Family)

Џеј е постар маж оженет со многу помлада Колумбијка, Глорија, која доаѓа во пакет со нејзиниот 11-годишен син Мени од претходниот брак, кој веќе верува во вистинска љубов и во моќта на поезијата. Помагањето на Глорија околу воспитувањето на Мени, е втора шанса на Џеј да се докаже како татко, бидејќи малку ја зафркнал работата првиот пат.

Џеј и вели на Глорија: „Јас морам да остарам, но ти не мораш да се здебелиш.“

Модерна фамилија (Modern Family)

Неговата ќерка Клер е презафатена мајка, која се труди правилно да ја воспита својата ќерка тинејџерка и да ги спречи останатите две помали деца да се убијат меѓусебно.

Клер: Ако Хејли никогаш не се разбуди на некоја плажа во Флорида полугола, тогаш јас добро сум ја завршила мојата работа.“

Од голема помош не е ни нејзиниот откачен маж Фил, кој себеси се смета за најкул татко на планетата.

Фил и вели на Клер: „Тоа не беше ни малку порно. Тоа беше само топлес девојка на трактор. Знаеш како го викаат тоа во Европа? Реклама за житарици.“

Најневообичаениот член на семејството е синот на Џеј, Мичел, кој заедно со неговиот геј-партнер Камерон, посвои бебе од Виетнам.

Модерна фамилија (Modern Family)

Интересни податоци:
  • Актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој ја глуми улогата на хомосексуалецот Мичел, е хомосексуалец и во вистинскиот живот. Неговиот татко во серијата, постојано се преправа дека заборавил дека син му е хомосексуалец, па Мичел мора постојано да го потсетува. Истото му се случувало и со неговиот вистински татко.
  • Фил во текот на целата сезона повторува дека ќе ја поправи скршената скала, но во последната епизода таа се уште не е поправена.

  • Нолан Гоулд, кој ја глуми улогата на глупавото дете Лук, всушност има многу висок коефициент на интелигенција.
  • Улогата на ќерката на Кем и Мичел, Лили, ја глумат две различни бебиња. Бебињата се близначиња, од кои едното е машко, а другото женско.

Кога и како да ја гледате: Оваа серија можете да ја гледате кога било, без разлика на вашето моментално расположение, бидејќи на крајот сигурно ќе бидете ведри и насмеани. Измислена серија за одлична забава и гледање во друштво. Направете многу пуканки, купете неколку пијалаци, викнете ги вашите пријатели и поминете една пријатна вечер низ смеа.

Модерна фамилија (Modern Family)

Слични серии:Оженет со деца“, „Како ќе каже Џим“, „Сите го сакаат Рејмонд“, „Полна куќа“

Модерна фамилија (Modern Family)

Гледајте ја серијата онлајн: http://modern-family-online.tk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Viviane Reply

    Mnogu interesna serija, nema da zalazalite ! 😀

Напиши одговор на Viviane Откажи одговор