3 октомвриски ТВ серии за љубителите на комедија, хорор и криминал

3 октомвриски ТВ серии за љубителите на комедија, хорор и криминал

Октомври е еден од најголемите месеци кога станува збор за премиери на нови ТВ серии. Истото нè очекува и оваа година. Па додека ги чекате големите наслови како Почетник (Rookie) и обновувањето на Волшебнички (Charmed), занимавајте се со овие 3 нови ТВ серии кои излегоа пред само неколку дена…

1. Среќни заедно (Happy Together) – комедија

Џејк, сметководител, и неговата сопруга Клер, дизајнер на ресторани и барови, уживаат во својот брак. Нивната скоро монотона секојдневна рутина е нешто што и на двајцата им се допаѓа и тие воопшто не сакаат да излезат од оваа удобна зона. Но, нештата целосно ќе се сменат откако еден од клиентите на Џејк, суперѕвездата Купер Џејмс, ќе дојде на нивната врата и ќе бара засолниште од папараца по раскинувањето со неговата девојка. Џејк и Клер брзо ќе дознаат дека не можат да продолжат со својот удобен животен стил и животот целосно ќе им се промени на сите тројца.

2. Во темнината (Into The Dark) – хорор

Станува збор за сосема нова хорор ТВ серија со натприродна тематика. Оваа серија ќе вклучува по една епизода што ќе биде објавена за време на првиот петок од месецот, и ќе трае во текот на целата година. Секоја од овие епизоди е инспирирана од празник за време на месецот на објава и сите ќе бидат во форма на трилери.

3. Елита (Elite) – криминал

Последниот предлог на оваа листа ни доаѓа од Шпанија. Лас Енсинас е најексклузивното училиште во целата држава, каде што елитните семејства ги испраќаат своите деца. Но, откако земјотресот ќе уништи едно друго училиште, три тинејџери од работната класа ќе бидат префрлени таму – започнувајќи војна меѓу оние што имаат сè и оние што немаат ништо. Оваа војна ќе доведе дури и до убиство. Но, кој е виновникот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар