Вага и бик – пријателска комбинација

Вага и бик – пријателска комбинација

Навистина е чудно што бикот и вагата се управувани од истата планета – Венера, бидејќи припадниците на овие два знака се различни во многу нешта. Бикот во своите одлуки и однесување се препушта на своите сетила, а вагата на логично размислување. Бикот ужива во рутински начин на живот, а вагата ја користи секоја прилика за да проба нешто ново. Бикот е силен, мирен и тивок тип на личност, а вагата е вистинска брбливка. Нивните разлики не завршуваат овде. Бикот е фокусиран, посветен, упорен, а вагата е неорганизирана, расеана и хаотична. Бикот најчесто преферира да е во друштво со еден до двајца луѓе, а вагата ужива во големо друштво.Вага и бик - пријателска комбинацијаЗаедничко за овие двајца пријатели е нивната потреба за „луксузирање“. Нивната дружба би цутела доколку би можеле редовно да уживаат на вечера во скапи ресторани, да се разгалуваат во некој тренди салон за убавина или да престојуваат во луксузни хотели. Овие пријателчиња исто така, ги сакаат сите форми на уметност и убавина, со тоа што вкусот на бикот е најчесто потрадиционален од вкусот на модерната вагата. Тие обострано би уживале одејќи на пат во гламурозни градови, на театарски претстави и слушајќи добра музика, а од друштвените активности најверојатно би уживале во покер, куглање и експериментирање со стилови во внатрешен дизајн.

И покрај нивните разлики, вагата и бикот можат да бидат одлични пријатели. Тоа ќе биде случај доколку бикот ја сфати веселата и дружељубива вага, како пријател кој му го дава потребниот поттик, храброст и инспирација. Вагата за возврат, треба да ја цени гостопримливоста и стабилноста која ù ја нуди бикот.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Viki Reply

    mnogu tooocno kazano…mas mi e Bik a jas Vaga iii nie sme mnogu poveke od prijateli :))se sto e napisano e TOCNO!!!

  2. t Reply

    Mojata najdbra drugarka e Bik, jas sum vaga i mozam da kazam deka skoro 90% od napishanoto ne e tochno.

  3. Leni Reply

    I jas bi rekla 99 % tocno.Maz mi e bik a jas vaga.Site osobini se tocno opisani.

Напиши одговор на Viki Откажи одговор