Тие освојуваат со изгледот и енергијата: 3-те хороскопски знаци на кои мажите не можат да им одолеат

Астролозите тврдат дека знакот и месецот во кои сме родени се поврзани со нашата привлечност и целокупниот впечаток што го испраќаме на спротивниот пол. Иако има бројни фактори што дополнително влијаат, како физичкиот изглед и карактерот, сепак овие 3 знаци се издвојуваат како посебни и едноставно неодоливи за мажите. Дали и вие сте меѓу овие среќнички?

1. Лав

Полни со самодоверба и страст, овие жени точно знаат што сакаат и како да го добијат истото. Токму затоа и мажите не можат да им одолеат на Лавиците и секогаш ќе останат во центарот на вниманието кај спротивниот пол. Но, тие имаат и една маана, а тоа е дека спаѓаат меѓу најневерните знаци.

2. Скорпија

Ако треба да се одбере еден знак за кој буквално сите полудуваат, тоа е страсната Скорпија што зрачи со сексуална енергија! Ако Скорпија посака да ве заведе, толку лесно ќе успее во својата цел што нема дури ни забележите дека срцето ви е кај неа. Никој не може да ја спречи во намерата, ниту пак да ѝ одолее на шармот.

3. Стрелец

Неверојатната смисла за хумор на слаткоречивите Стрелци делува на мажите многу повеќе одошто мислите. Тие најпрво ќе ги повлечат мажите во зоната на пријателство, а потоа ќе се провлечат и под нивната кожа, поради што тие никогаш веќе нема да можат да ги заборават.

Дознајте и каков впечаток оставате на првиот состанок според вашиот хороскопски знак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар