Скорпија и јарец – љубовна комбинација

Скорпија и јарец – љубовна комбинација

Кога скорпија и јарец се заедно, тие не само што уживаат во една хармонична и скапоцена љубовна врска, туку тие истовремено се развиваат и созреваат како индивидуални личности. На почетокот овие партнери можеби ќе бидат премногу воздржани во смисла на отворање на чувствата кон партнерот и тоа може малку да ги обесхрабри. Јарецот има тенденција да биде многу претпазлив и воздржан, а скорпијата често е загрижена и „одлетана“ далеку во мислите. Поради овие карактеристики, ним може да им е потребно време додека да се опуштат и да се чувствуваат удобно кога се заедно.Скорпија и јарец – љубовна комбинацијаИ покрај тоа што скорпијата и стрелецот се прилично срамежливи и не им веруваат лесно на луѓето за да им се доверат пред  да ги запознаат подобро, откако ќе поминат повеќе време заедно, тие ќе сфатат дека нивната врска може да биде многу длабока, базирана на меѓусебна лојалност и искрен другарски однос.  Скорпијата и јарецот можат да научат многу работи од нивната врска. Понекогаш можеби ќе им биде тешко да се разберат, но трудот ќе им се исплати.

Од нејзиниот стабилен, вешт јарец, скорпијата може да научи како да ги држи нејзините бурни емоции под контрола. Јарецот треба да биде внимателен да не делува премногу површно кога упатува некои неосновани критики спрема својата сензитивна скорпија. Таа ја сака длабочината на нештата и интензивните чувства, а најмногу од се и е битна искреноста, особено на љубовен план. Јарецот понекогаш е толку зафатен со настојувањето да постигнува успеси и со заморувањето што другите мислат за него, па може да заборави дека воопшто има емоции во него. Од скорпијата, тој ќе научи да ја вреднува суштината на работите и богатото задоволство кое може да произлезе од длабинското запознавање на личноста која ја сакаш.

Двата знака имаат заедничка особина да се посветуваат на конкретни цели кои сакаат да ги остварат. Па ако тие решат дека успевањето на нивната љубовна врска е следната цел која ја имаат зацртано, тогаш нема сила која може да ги сопре. Планетите Марс и Плутон управуваат со скорпијата, а Сатурн со јарецот. Марс и Плутон симболизираат агресија, храброст, сексуална енергија и способност за регенерација. Сатурн ги симболизира упорноста, амбицијата, одговорноста и трудољубивоста. Комбинацијата од овие 3 планети создаваат едно успешно партнерство, базирано на страсните емоции на скорпијата и амбициозноста  на јарецот. Ова е динамичен тим одличен за бизнис зделки, но добро би било дел од таа моќна енергија која раѓа успеси да ја преточат во нежност и љубов.

Јарецот е практичен и во животот му е многу значајно да поседува материјални богатства. Скорпијата пак, умее да се прилагоди на секоја ситуација и често нејзината реакција е заснована на чувства, а не на логика. Љубовната врска помеѓу фиксниот јарец и неговото фокусирање кон остварување на поставените цели и адаптибилната скорпија на конкретната ситуација, е прилично мирна и сталожена. Дали овој успешен тим ќе реши да ја пренасочи успешноста и упорноста и на љубовен план, ќе зависи од тоа дали на партнерите љубовта им е една од зацртаните цели. Ако е, тогаш дефинитивно целта ќе биде постигната.

Јарецот можеби не е најромантичниот знак во зодијакот, но неговата вештина и смислата за бизнис може да биде од голема полза за врската, во смисла финансиски да овозможи убаво испланирана елегантна романтична вечера. Ако јарецот покаже барем толку мала иницијатива за продлабочување на нивната љубов, скорпијата со голем ентузијазам ќе ги прифати неговите идеи и ќе биде инспирирана и самата да предложи нешто романтично и забавно за нив двајца.

Скорпијата понекогаш може да му дава некои остри коментари на јарецот, но со толку нежен секси глас, што јарецот најверојатно нема ни да забележи. Пожелно би било за мирољубивиот јарец внимателно да ги слуша суптилните нијанси во гласот на скорпијата и да обраќа големо внимание на говорот на нејзиното тело, за да може подобро да ја разбере. И двата знака знаат да бидат доста тврдоглави, а таа нивна карактеристика може да претставува потенцијален конфликт.

Скорпијата љуби длабоко, со сите нејзини чувства, до степен од кој нема враќање назад, за разлика од „вкочанетиот“ јарец, кој знае да биде „отсутен“, непристапен и резервиран. Партнерите мораат да ги препознаат и прифатат овие нивни разлики и да се обидат подобро да се разберат, по пат на искрени и длабоки разговори, доколку сакаат нивната врска да успее.

Најдобриот аспект од оваа љубовна врска е посветеноста кон реализација на нивните заеднички идеи и нивната посветеност и приврзаност еден кон друг. Овие партнери можат да си ги отворат прозорците на нивните души и меѓусебно да се научат на нови начини на перципирање и чувствување на работите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. jelenaaa Reply

    A moze li za vodolija i vodolija?!.. 🙂 Fala

    • Криста Журналиста Reply

      Да, да по ред ќе си излегуваат сите комбинации. Таа комбинација ќе биде објавена во Февруари.

    • Zivko Reply

      A moze li za vodolija i vodolija?!.. Fala

  2. aleksandra Reply

    kombinacijaya skorpija – jarec vi e potpolno tocna bravos

  3. mmmmm Reply

    100% tocno

Напиши одговор на aleksandra Откажи одговор