Кои лекции сте требале да ги научите од 2016-та и 2018-та година според вашиот хороскопски знак?

И на оваа година полека ѝ се ближи крајот, па сигурно ви донела многу искуства, успеси, грешки, но и лекции. Дали сте се запрашале што е најважното нешто што сте требале да го научите оваа година, или од 2016-та досега? Можете да откриете во продолжение.

Што требало да научите помеѓу 2016-та и 2018-та година според вашиот хороскопски знак?

Овен

2016: Требало да направите разлика помеѓу она што вие го сакате и она што мислите дека другите го сакаат од вас. Ова ви било година на себеоткривање, година што ве предизвикала и ве натерала да се сомневате во вашите верувања.

2017: Кога сте дознале што треба да се промени, сте почнале да делувате. Ова е годината кога веројатно сте искусиле голема промена и сте го виделе светот на многу поразличен начин. Ова ново разбирање ви ја променило перспективата.

2018: Ова е годината кога треба да одлучите што понатаму. Ќе се ослободите од некои од најголемите прашања кои сè уште постојат во вашиот живот. Ќе си го вратите фокусот во љубовта и во работата, и ќе почнете да ги продлабочувате тие корени и наредната година.

Бик

2016: Требало одново да измислите нешто. Без разлика дали е тоа промена на кариерата или пријателите, она што навистина се променило е вашата слика за себе. Имало делови од вас кои ви требало долго време да ги прифатите. Оваа година сте направиле нешто што не било направено претходно.

2017: Целта било да си поставите граници. Вие сте социјално битие, но во 2017-та требало да научите кога да кажете не, што значи да истапите за себе и што значи да не ви е страв од тоа да не им се допаѓате на другите.

2018: По толку месеци несигурност, новости и барање, ова е годината кога ќе одморите. Вашите лични врски и бизнис подвизи се опкружени со среќа.

Близнаци

2016: Потребно било да ги прифатите промените во домот. Оваа година владеела со вашето блиско семејство и ова бил период на нови предизвици. Сте ги поминале последните неколку години фокусирани на работата и на себеси, но нешто направило да сфатите што е навистина важно – луѓето што ви се најблиски.

2017: Оваа година веројатно сте сфатиле кои ви се вистинските пријатели. Толку време сте се грижеле за погрешните луѓе, па 2017-та ви покажала со кого треба да го минувате вашето време. Оваа година сте го обновиле социјалниот календар и сте посветиле време на нештата и луѓето што ве прават среќни.

2018: Треба да почнете да работите на проектот за кој сонувате отсекогаш. Ова е година кога треба да излезете од зоната на удобност и да изградите нешто за себе. Постои причина зошто понекогаш ви било неудобно – нешто ви кажувало дека треба да направите поголеми нешта. Оваа година ќе го направите првиот чекор кон нив.

Рак

2016: Требало да ѝ дозволите на оваа година да ве изненади. Во 2016-та сте доживеале неочекуван напредок и некои избори оставиле силен впечаток на годините што следуваат. Сте созреале многу. Конечно сте откриле што и кого сакате во вашиот живот.

2017: Ова е годината кога требало да трчате кон вашите цели. Сте почнале да ги живеете вашите амбиции. Зад вас се деновите на мечтаење, сте презеле одговорност и вистински сте се предизвикале.

2018: Потребно е да ја пуштите љубовта внатре. Не е важно дали сте сингл или во среќен брак, оваа година најважна ви е љубовта. Без разлика дали станува збор за партнер, пријатели или љубов кон себе, оваа година направете ги приоритет важните нешта – луѓето кои ги сакате, нештата што ги сакате и работата што ја сакате.

Лав

2016: Требало да се ослободите од планот. Во овој период требало да прифатите дека нештата нема да се одвиваат како што сте планирале, но тоа не значи дека ситуацијата е лошо. Иако понекогаш сте се прашувале што следно, најдобро е да му дозволите на животот да ве води. Обично кога губите нешто, тоа е за ваше добро.

2017: Оваа година требало одново да се најдете себеси. Неуспесите од 2016-та влијаеле на вашата самодоверба, а ова ви се случува навистина ретко. Ако сте ја преживеале минатата година, можете да преживеете сè.

2018: Оваа година е потребно да отидете каде што не сте биле досега. Ќе ги проширите вашите граници, ќе се состанувате со нови луѓе, ќе пробувате нови нешта. Ќе откриете дека во животот ве чека многу радост, но само ако ѝ дадете шанса.

Девица

2016: Ова е годината кога сте се соочиле со нештата што не функционирале за вас. Требало конечно да го оставите вашето минато во минатото.

2017: Требало да следите нов сон. Ова е годината кога веројатно сте тргнале на нова, долгоочекувана авантура. Можеби тоа било нова врска, нова кариера или пак некое патување. Оваа година требало да преземате ризици и да се ослободите од нештата што ви сметаат.

2018: Потребно е да донесете некои одлуки. По двете години војна помеѓу она што мислите дека ќе функционира и она што знаете дека нема, ова е годината кога ќе се одлучите. Или ќе успеете како никогаш досега, или ќе се помирите со идејата дека сте пробале нешто ново, што не траело засекогаш.

Вага

2016: Претходните години биле полни со промени, а сè започнало со 2016-та кога ви се осветлил патот за нови конекции. Можеби овие конекции биле со партнер, колеги, па можеби дури и со самите себе.

2017: Требало да сфатите како се кочите самите. Оваа година требало да ги откриете нештата што ви штетат и да се ослободите со нив.

2018: Потребно е да научите како да уживате во резултатите. Оваа година ќе заврши она што започнало во 2016-та. Ќе се посветите на врската, ќе станете финансиски стабилни и ќе ја следите вашата визија за себе.

Скорпија

2016: Требало да научите како да си гледате за себе. И покрај тоа што често сте сигурни во себе, навистина сте загрижени за туѓото мислење. Оваа година требало да почнете да верувате во вашата моќ.

2017: Требало да ги прифатите чувствата што толку долго сте ги криеле. Оваа година требало да се соочите со емоциите, се разбира со цел. Следната година е за вашето обновување.

2018: Треба да почнете од почеток и време е да го изградите животот од соништата. Врските, работите, предизвиците и изборите што ќе ги направите сега ќе имаат позитивно влијание многу години во иднината.

Стрелец

2016: Оваа година сте се соочиле со неуспесите и начинот на којшто можете да се подобрите. Оваа година веројатно ве споила со луѓе со кои најмалку сте очекувале. Ова било година на истражување на умот, телото и духот.

2017: Потребно било да научите како одново да се поврзете. Без разлика дали тоа бил родител или далечен роднина, ова е годината кога одново сте го отвориле вашето срце за вистинските луѓе.

2018: Потребно е да направите значителна промена во вашиот живот. Ова може да значи да се преселите, да ја промените кариерата или само да ја промените секојдневната рутина. Оваа година ќе се срушат сите нестабилни мостови, а тоа е за ваше добро.

Јарец

2016: Лесно ги прифаќате туѓите идеали како ваши, а оваа година требало да престанете со тоа. Требало да научите како да размислувате и да чувствувате автономно.

2017: Потребно било да откриете што не функционира. Оваа година не ве држела назад – сте сфатиле кои врати се затворени, кои луѓе се лоши и кои бизниси би биле успешни.

2018: Потребно е да започнете патување кон непознатото. Оваа година ќе направите нешта што не сте ги направиле досега. Ќе се изненадите себеси со вашата способност и ќе живеете само за себе.

Водолија

2016: Требало да научите да бидете трпеливи. Некои години се револуционерни, некои се мирни, а некои само постојат. 2016-та спаѓала во последната група и ви изгледало како ништо да не се придвижува.

2017: Требало да научите да верувате. Не е лесно да ги пуштите другите во вашите идеи за бизнис, љубов или живот, но ова е неопходно. Оваа година сте почнале да се отворате кон потенцијалот за кој не сте знаеле дека го имате.

2018: Изминативе години сте сфатиле дека тимската работа е важна. Па, од ваш интерес е да бидете најдобриот партнер, или во некои случаи најдобриот шеф. Ова значи да се потпрете на вашата емпатија и да останете фокусирани на поголемата визија.

Риби

2016: Требало да погледнете во вашето минато. Оваа година сте се потсетиле на некои од најмрачните трауми од животот. Ова не било за да страдате, туку за да сфатите дека треба да ги оставите во минатото и да продолжите понатаму.

2017: Требало одново да ја најдете страста. Изминативе години сте биле помалку задоволни од животот бидејќи страста ви била потисната од одговорностите и загубата. Оваа година сте откриле што навистина сакате, или сте забележале некоја погрешна одлука.

2018: Треба да го промените вашиот живот на подобро. Со сите докази што сте ги собрале изминативе години, сега е време за делување. Знаете каде сакате да одите, само треба да знаете дали сте доволно храбри за да се упатите натаму.

Дознајте и што да очекувате во следната кинеска година на земјената свиња.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар