20 животни принципи според кои се води секоја Вага

20 животни принципи според кои се води секоја Вага

Кога Вагата е депримирана или во лошо расположение, може да се дистанцира и да стане непристапна за блиските. Најмногу ја повредува разочарувањето од личност за која мислела дека никогаш нема да ја повреди.

Вагите не можат да функционираат во хаос и со негативност. Штом се најдат во такви околности, веднаш се тргаат настрана.

20 животни принципи според кои се води секоја Вага

Најголемиот подарок што можете да им го подарите е вашето време и љубов. Тие имаат мека романтична душа и носат многу љубов и мир во себе. Но, ако ги испровоцирате, на површината може да исплива невидена безмилосност. Исто така, немилосрдни се кога станува збор за спроведување на правдата.

Ако имате Вага во животот, не дозволувајте си да ја изгубите, бидејќи овој знак има карактер благодарение на кој може да направи сѐ да изгледа во ред. Прочитајте ги 20-те животни принципи според кои се води Вагата.

1. Премногу размислувам. За секоја ситуација смислувам по 10 можни сценарија пред навистина да се случи.

2. Никогаш не може да знаете со сигурност што се случува во мојата глава, бидејќи и самиот/самата сум често во битка со себеси.

3. Може да имам 100 обожаватели, но тоа нема да ми биде воопшто важно, бидејќи кога покрај себе имам некој што ми се допаѓа, моите очи ја гледаат само таа личност.

4. Не можам да живеам без музика. Уживам во шопинг. Обожавам личности кои не се плашат да ја покажат својата заинтересираност кон мене.

5. Кога се чувствувам тажно, потребен ми е некој кој ќе ми ги одвлече мислите, но уште повеќе, некој кој ќе ме натера да се соочам со моите проблеми.

6. Мојата најголема слабост е што си ги запоставувам своите потреби на сметка на туѓите.

7. Едно од најдобрите чувства е кога ќе запознаам некоја нова личност и веднаш ќе се погодиме.

8. Ако некој навистина ми се допаѓа, ќе му бидам на располагање 24/7 и секогаш ќе се борам за него/неа.

9. Сите имаме проблеми. Јас само знам подобро да ги сокријам од другите луѓе. Не сакам моите чувства да влијаат на расположението на оние околу мене.

10. Кога некој се обидува да ме импресионира, најважни ми се малите, навидум незначајни работи, кои можеби се невидливи за останатите.

11. Носам многу болка во себе, но сепак секое утро се будам со насмевка на лицето.

12. Најбрзиот начин да ме извадите од такт е да одлучите да не ми кажете нешто за да не ме вознемирите.

13. Мразам непристојни, себични, безобразни и некоректни луѓе. Мразам кога луѓето ме притискаат и ме брзаат да донесам некоја одлука. Сакам да им помагам на другите, но многу ме нервираат луѓе кои постојано бараат услуги, а никогаш не ги возвраќаат. Исто така, не поднесувам луѓе кои ја злоупотребуваат мојата дружељубивост, како и таквите кои ми создаваат хаос во животот.

14. Треба некој многу да ми згреши за да престанам секаква комуникација со него. Но, штом тоа се случи, тој однос е прекинат засекогаш.

15. Хармонијата е мојата најголема потреба. Негативноста ми го убива расположението.

16. Течно зборувам најмалку 5 јазици: македонски, вулгарен, саркастичен, вистинит и љубовен, а понекогаш и некој странски.

17. Имам многу брилијантни идеи, но потребна ми е вечност да ги реализирам. Ги одложувам работите како никој друг.

18. Не сакам играње игри во врска. Едноставно е: или сакаш или не сакаш да бидеш со мене.

19. Ако не зборувам со некого, тоа може да биде од две причини: или не ми се допаѓа или не му верувам.

20. Моето мото е: Не ми требаат луѓе на кои јас не сум им потребен/на.

Погледнете ги и овие 30 буртални вистини за карактерот на Вагите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар