Ова се делови од телото кои никако не би требало да ги чепкате со раце

Истражувањата покажуваат дека рацете играат важна улога во преносот на бактерии. Дури и после миењето, рацете и прстите многу брзо повторно се валкаат. Тоа посебно важи доколку имате долги нокти. Еве неколку делови од телото кои не смеат да доаѓаат во контакт со вашите раце.

1-ova-se-delovi-od-teloto-koi-nikako-ne-bi-trebalo-da-gi-chepkate-so-race-www.kafepauza.mk_

1. Ушниот канал

Никогаш не треба длабоко да чепкате со прстите во ушниот канал. Истото важи и за чепкалките за уши кои поголемиот дел од луѓето ги користат денес, и така без да знаат што прават, го уништуваат увото. Ако чувствувате чешање во ушите подолго време, побарајте помош од доктор.

2. Лицето

Чистете го лицето и нанесувајте производи за нега на кожата само со чисти раце. Инаку, во текот на денот држете ги рацете подалеку од лицето. Со константното чепкање на мобилниот, предметите околу вас, кваките на јавните места, а на крајот лицето, можете само да замислите што сѐ нанесувате на него.

3. Очите

Не чепкајте ги очите со раце, освен кога ја чистите шминката од нив или ставате контактни леќи, секако, со чисти прсти. Чепкајќи ги очите кога тоа не е потребно и со валкани раце можете да предизвикате разни инфекции.

2-ova-se-delovi-od-teloto-koi-nikako-ne-bi-trebalo-da-gi-chepkate-so-race-www.kafepauza.mk_

4. Устата

Луѓето понекогаш и несвесно ги ставаат прстите во уста или ги чепкаат забите со валкани раце. Одлично за развој на разни микроби во усната шуплина!

5. Внатрешноста на носот

Престанете да го чепкате носот! Според една студија за уво, нос и грло, со „копањето“ во нос имате поголема можност да ја внесете бактеријата стафилокока од оние кои ги чуваат своите раце подалеку од него.

6. Кожичката под ноктите

Многу различни бактерии, вклучувајќи ја и стафилококата, можат да живеат таму. Вашите нокти исто така треба да бидат кратки, со што ќе ги намалите шансите за внесување бактерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар