Овие хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во 2019 година

Пред нас е новата 2019 година којашто според бројните астролози, ќе биде запомнета како година на растот, среќата и напредокот – особено за оние што се родени во овие хороскопски знаци.

Овен

Овните ќе имаат луда среќа, висок оптимизам, но и силен нагон да остварат сè што замислиле. Сепак треба да бидат внимателни да ги почитуваат законите, со цел да напредуваат без проблеми. Според астролозите, тие ќе имаат поддршка и од најблиските, и од колегите, а и здравјето ќе им биде одлично во текот на целата година.

Бик

Биковите ќе имаат среќа во сè што ќе се впуштат. Позицијата на Сатурн во знакот на Јарец укажува дека тие ќе бидат истрајни, како и дека здравјето добро ќе ги послужи во годините пред нив. Во текот на првите месеци, тие ќе доживеат и голем успех во полето на кариерата, но и во полето на љубовта. Со тек на време, ситуацијата ќе им станува само подобра. Особено финансиската.

Лав

Лавовите конечно ќе можат малку да воздивнат, по многуте години поминати во стагнација и мачење поради транзитот на Јупитер низ знакот на Скорпијата. Како што оваа планета ќе влезе во огнениот Стрелец, така и нештата веднаш ќе се променат на подобро и Лавовите повторно ќе бидат во состојба да остарат сè што замислиле.

Девица

Девиците ќе имаат голема стабилност во текот на целата година, па затоа и можат слободно да очекуваат добри резултати во кариерата, подобрување на финансиската состојба и задржување на доброто здравје.

Вага

Родените во знакот на Вага во текот на целата година ќе ја ставаат љубовта на првото место. Тие максимално ќе уживаат во животот и ќе ги користат сите прилики што ќе им се пружат. Ќе почувствуваат нова позитивна енергија што ќе помогне да напредуваат и на професионален план, но и на приватен план. Ќе добијат многу пофалби од луѓето околу нив, но и ќе ги зголемат своите финансиски приходи.

Кои лекции сте требале да ги научите од 2016-та и 2018-та година според вашиот хороскопски знак?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар