Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Лав

Лавот многу го привлекува сексуалноста на Близнаците. Под влијание на Меркур, Близнаците поседуваат и убавина и интелигенција, а Лавот оваа комбинација ја смета за многу секси. Близнаците се многу духовити и можат лесно да го насмеат Лавот, што е уште еден плус за оваа комбинација.

Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Лав

Близнаците мислат дека Лавот е најзгодниот љубовник со кој некогаш биле, а Лавот го прифаќа предизвикот да открие што се крие под површината на мистериозниот партнер во знакот Близнаци. Постои голем сексуален потенцијал за овие два знака и можност за долгогодишна врска. За да успеат, Лавот мора да му овозможи на припадникот на знакот Близнаци многу слобода и постојано да ја одржува својата смисла за хумор. Лавот ќе мора и да ги намали своите драматични испади и мрзеливоста, ако сака да го задржи партнерот покрај себе. Тој пак, е пожелно да остане мистерија за Лавот. И двата знака обожаваат забава и ќе имаат многу нешта за кои ќе можат да разговараат, што е голем бонус. Близнаците не треба да чуваат тајни од Лавот.

Маж Близнаци и жена Лав

Оваа љубовна комбинација е страсна, пријателска и интелектуално стимулирачка. Мажот Близнаци ја обожава креативноста и забавната страна на жената Лав. Тој постојано зборува за тоа колку неверојатна личност е таа. Жената Лав ќе ја прифаќа неговата променлива природа и потреба за слобода, сѐ додека тој не заборава дека секогаш треба да ја обожава.

Сексот помеѓу нив е неверојатен и за мажот Близнаци, тој започнува уште во неговите мисли. Неговата партнерка Лав пак, не може да остане рамнодушна на неговото вербално објаснување, за сите начини на кои планира да ја заведе. Овие два знака, заеднички ќе играат шармантна и забавна љубовна игра.

Жена Близнаци и маж Лав

Кога овие двајца ќе оформат врска, таа ќе биде исполнета со многу хумор и величање на егото на Лавот. Таа без никаков проблем ќе му каже на Лавот колку е прекрасен и ќе му наброи 1.000 причини зошто е тоа вистина. Мажот Лав, уживајќи во својата слава, ќе ѝ пристапува на својата девојка многу креативно и ќе ѝ приредува романтична забава, која нема никогаш да ѝ здодее.

Сексуално, жената Близнаци може многу лесно да го возбуди својот маж Лав. На пример, со тоа што таа ќе отиде кај своите пријателки и ќе им каже како тој ја третира како принцеза – за возврат, неговото зголемено его ќе го преполни нејзиното тело и ум, со страст која ги надминува и нејзините најлуди интелектуални фантазии.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ЦВЕТАНКА БУЖАРЕСКА, Берлин Reply

    Аахахахаааа
    Јас сум лав а жена ми близнаци. А сестра ми е близнаци а маж и` е лав. Абе биваше ли АМА НИТУ ЕДНА БУКВА ДА НЕ ни погодите. Не можам да се изначудам. Обично во сите приказни за гатање, како оваа, ќе најдеш макар еден збор точен. Во оваа ама НИЕДЕН. Се` не е вака, како сте напишале. Немам обичај ни да читам не па да коментирам далеку посериозни работи, не па оваква, ама не ме додржа срце да ви соопштам дека ама ВРСКА НЕМА ни НАЈМАЛКУ 🙂 писанијево ваше. ПОЗДРАЦ

Остави коментар