Кој хороскопски знак е ваша слабост?

Постојат одредени хороскопски знаци кои едноставно не можат да си одолеат. Тие неизмерно се привлекуваат, дури и покрај тоа што се многу различни и на долг рок никогаш не би можеле да успеат. Погледнете за кои станува збор…

Кој хороскопски знак е ваша слабост?

Овен и Вага

Оваа врска и за двата знака претставува голем предизвик на кој е тешко да се одолее. Префинетоста на Вагата и сексуалноста на Овенот се две сосема различни нешта кои силно се привлекуваат. Но, врската не може да трае долго бидејќи префинетоста, умереноста и пристојниот начин на живеење го нервираат Овенот, кој едноставно не сака да се промени дури ни по силните напори на Вагата.

Бик и Скорпија

Иако караниците и судирите помеѓу овие два знака се неизбежни, дивата страст за сексуално уживање на Скорпијата ги заслепува и заведува нежните Бикови кои се пасивни во врската. Тоа не им се допаѓа на Скорпиите, па токму затоа и започнуваат караници. Ако сакате оваа врска да трае подолго, мора да ја пренесете страста од спалната соба и во некои други аспекти од вашиот живот.

Близнаци и Стрелец

Кога ќе се сретнат овие два знака, привлечноста помеѓу нив може да се забележи и од авион. Не станува збор само за физичка привлечност, туку и за ментална – тие едноставно одлично се согласуваат. Но, тоа што на Близнаците не им се допаѓа кај Стрелците е нивното уверување дека сè знаат најдобро, додека пак нивната склоност кон озборување неизмерно многу ги нервира Стрелците.

Рак и Јарец

Тоа што ги спојува овие два знака се силата на Јарецот и емотивноста на Ракот. Но, среќата во врската и страста помеѓу нив може да се наруши поради преголемата чувствителност на Ракот, како и повременото игнорирање од страна на Јарецот. Со тек на време, несамостојноста на Ракот ќе почне многу да го нервира Јарецот.

Лав и Водолија

Лавот е фасциниран од мечтаењето на Водолијата и начинот на кој таа го прифаќа неговиот авторитет, додека тој живее како крал во својот свет. Тоа што Водолијата го сака кај Лавот е неговата неограничена харизма. Единственото нешто кое може да ја расипе оваа врска е постојаното барање внимание од страна на Лавот, кое ја нервира Водолијата и прави таа да се чувствува здодевно.

Девица и Риби

Спротивностите се привлекуваат – Рибите не сакаат рутина, додека пак, Девиците уживаат кога сè им е под конец и во ред. Тие меѓусебно си помагаат и се обидуваат да научат нешто ново од нивниот живот. Рибите учат како да бидат поорганизирани, а Девиците како повеќе да уживаат во својот живот.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар