Како Скорпијата може да стане подобар партнер во врската?

Како Скорпијата може да стане подобар партнер во врската?

Скорпијата е добар и посветен партнер, но понекогаш претерува со својата посесивност и љубомора. За тоа како може да стане подобар партнер, прочитајте во текстот што следува.

Вие сте исклучително посветени на вашиот партнер. Не само што му се посветувате, туку и целосно се спојувате со него. Немојте да се изгубите себеси поради вашата желба за целосно спојување. Зачувајте ја вашата индивидуалност и почитувајте ја неговата. Запомнете дека имате право на лична и емоционална автономија. Врската не значи и целосно спојување. Може да имате врска што ги опфаќа умот, телото и душата, без притоа да се обидувате да станете единствен ентитет.

Научете како да не контролирате сè и престанете да бидете толку сигурни дека моќта е во ваши раце. Престанете да размислувате за тоа како секогаш да донесете одлука за сè и дозволете да има поголема рамнотежа во вашата врска. Вие сте тврдоглава личност и решени сте сè да биде по ваше. Ќе направите сè што е потребно, дури ќе прибегнете и кон мамење и сексуална манипулација за да имате контрола врз вашата врска. Престанете постојано вие да ги влечете конците, работите нема да одат секогаш по ваше и треба да го прифатите тоа. Имајте поголема почит кон вашиот партнер и не се трудете секогаш да го контролирате. Не користете го сексот како оружје.

Им давате приоритет на малите работи. Престанете да им давате толку голема важност на деталите и видете ја поголемата слика.

Имате двоен стандард кон вашиот партнер. Очекувате тој да биде целосно транспарентен со вас кога станува збор за неговите емоции и тајни, додека вие многу работи криете под површината. Сакате да ги знаете неговите најинтимни мисли, а понекогаш дури и го заведувате за да го дознаете тоа, но многу сте затворени за вашите сопствени внатрешни случувања. Делувате отворено, но сте далеку од такви. Вие му го покажувате на саканиот само тоа што сакате да го види. Престанете да се плашите од откривањето, љубовта бара ранливост. Вие не сакате да ги осветлите работите од вашето минато, работите што ве прогонуваат, па дури и необичните нешта на кои некогаш помислувате. Нема потреба да се плашите и да се срамите. Не може да имате длабока врска каква што посакувате, ако не дозволите вашиот партнер да ве разбере. Престанете да очекувате вашиот сакан да биде „отворена книга“ без вие да се „отворите“.

Исто така, треба да пронајдете рамнотежа кога станува збор за приватноста. Постојат работи што луѓето имаат право да ги чуваат за себеси, па вие не треба да ги знаете сите мисли и чувства што вашиот партнер некогаш ги имал, ги има или ќе ги има.

Престанете да го шпионирате. Постојано „душкате“ околу него. Ѕиркате во неговиот телефон, е-пошта и неговите нешта, секогаш кога имате шанса. Имате чувство како тој нешто да крие. Престанете да ја нарушувате неговата приватност.

Треба да научите да направите разлика помеѓу вашата интуиција и паранојата. Не дозволувајте вашата страст да ја надвладее вашата логика. Имајте поголема доверба кон партнерот затоа што го повредувате со вашите сомнежи и еден ден тој ќе се измори од тоа. Вашата љубов е опсесивна и ве тера да имате ирационални стравови. Вдишете длабоко, рационализајте, па дури и медитирајте, отидете на јога пред да донесете заклучоци. Работете на вашата интензивна љубомора и посесивност, кои се загушувачки.

Справете се со вашата непредвидливост. Топли сте и ладни истовремено. Еден ден го обожувате партнерот, па се осамувате. Не го наведувајте вашиот партнер да се посомнева дека нешто не е во ред со вас. Ако нешто ве мачи, кажете му. Никогаш не бидете пасивно-агресивни.

Со вас човек тешко може да се справи бидејќи имате толку многу емоции со кои тешко управувате. Ова станува особено тешко кога ќе се разгневите наместо да се ослободите од гневот. Сакате да се одмаздите, го повредувате вашиот партнер иако знаете дека потоа ќе биде тешко да му се вратите. Престанете да се обидувате да ги „израмните сметките“ со него. Разговарајте и не дозволувајте вашата гордост да ја надвладее љубовта.

Можеби сакате да прочитате и за 3-те хороскопски знаци што се најкомпатибилни со Скорпијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар