3-те хороскопски знаци што се најкомпатибилни со Скорпијата

3-те хороскопски знаци што се најкомпатибилни со Скорпијата

Иако нема астролошки пар кај кој не може да постои љубов и компатибилност, некои знаци едноставно се создадени за да се вљубат едни во други. Бидејќи Скорпијата, која е воден знак, е полна со страст, таа носи романса каде и да оди. Сепак Скорпиите не се вљубуваат лесно во секого. Потребна е навистина посебна личност за да им го привлече вниманието. Па, погледнете кои хороскопски знаци најдобро го прават тоа.

3-те хороскопски знаци што се најкомпатибилни со Скорпијата

Бик: Спротивностите се привлекуваат

Кое е нештото што не можете да го поднесете кај атрактивна личност? Иако можеби некоја нејзина одлика навистина ве фрустрира, сепак се чувствувате привлечени кон неа. Во астрологијата нема ништо поинтересно од пар спротивни знаци кои сфатиле колку заеднички нешта имаат. За Скорпијата, овој знак е Бикот.

Додека Скорпијата е воден, Бикот е земјен знак. И двајцата се сериозни кога станува збор за врски, а ако се пронајдат нема никогаш да се откажат од нивната љубов. Сепак љубовта на Скорпијата е направена од длабоки емоции кои како да се од друг свет. Спротивно на тоа, Бикот е концентриран на опипливите, физички нешта. Иако можеби ќе постојат конфликти, искрата помеѓу овие знаци ќе ги отстрани сите нивни разлики.

Рак: Бајката станува реалност

Ракот е можеби најслаткиот партнер за Скорпијата. И двата знака се водни, па нивните емоционални потреби секогаш ќе бидат разбрани. Водните знаци се чувствителни, интуитивни и духовни, а Ракот и Скорпијата ги поседуваат овие особени.

Но Скорпијата ја сака мрачната страна на животот и е фасцинирана од сите теми што се табу. Ракот е малку понежен. Ракот знае да ја намали болката на другите и да ги зближи сите. Додека Скорпијата сака да се соочува, Ракот сака да дава утеха. Тие се како волк и јагне – смртоносни, но неверојатно слатки.

Риби: Љубов од соништата

Кога Рибите и Скорпијата се заедно, нивната заедничка моќ им дава пристап до други светови. Нивната романса е како од сон. Единствената опасност е што тоа може да биде сон од којшто нема да сакаат да се разбудат. Скорпијата владее со осмата куќа на смртта и преродувањето, додека Рибата владее со дванаесеттата куќа на духовноста.

И двата знака сакаат нешто повеќе од животот. Всушност, тие се со една нога во реалноста, а со другата во светот на фантазијата. Овој пар може да избега на некое мистично место и никогаш да не се врати.

Доколку веќе сте во врска со Скорпија, дознајте како треба да ги љубите припадниците на овој знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар