20 животни принципи според кои се води секоја Девица

Ако Девицата ви ја даде нејзината доверба, никогаш немојте да ја скршите, бидејќи штом се случи тоа, таа никогаш повеќе нема да ви верува. Овој знак понекогаш има премногу очекувања, па затоа на крајот често се разочарува. Но, кога Девицата зборува, другите треба да слушаат, бидејќи зборовите на овој знак имаат повеќе тежина отколку на сите останати.

Девиците знаат да држат исправена глава со насмевка на лицето, дури и кога поминуваат низ најголемите маки. Тие често се преправаат дека надминале нешто, кога всушност внатре во себе се чувствуваат целосно скршено.

20 животни принципи според кои се води секоја Девица

Ги нервираат секакви ситници, особено глупавоста кај луѓето. Она што ги разликува од останатите знаци пак, е тоа што наместо да ве оговараат зад грб, она што го мислат ќе ви го кажат во лице. Тие се реалистични луѓе, па не заобиколувајте со нив и веднаш преминете на главното.

Тие не се толку страсни како останатите знаци, но со нивната љубов можат да излечат и скршено срце. И покрај нивниот невин симбол, имаат најсилна сексуална моќ од сите хороскопски знаци. Прочитајте ги 20-те најкарактеристични принципи по кои овој знак го живее својот живот.

1. Имам вроден инстинкт и способност да ги отстранувам луѓето од мојот живот кои ми го уништуваат расположението. Не ми требаат туѓите драми, имам доволно главоболки и без нив.

2. Никогаш не би се обидел/а некого намерно да повредам, но ниту се извинувам ако се чувствувам поинаку од сите во врска со одредена работа. Можете да го прифатите тоа или не.

3. Сарказмот не е однесување, тој е уметност, а јас сум Пикасо во таа уметност. Затоа и секогаш морам да го имам последниот збор и вообичаено тој е саркастичен.

4. Привлекувам со мојата префинетост, суптилност и шарм, па може воопшто да не ни забележите дека сте биле заведени.

5. Не барам совршенство, барам искреност.

6. Или размислувам за минатото и за нештата кои тргнале наопаку или се грижам за она што ќе го донесе иднината.

7. Нешто што не сакам да чујам е: „Само во главата ти е тоа“. Јас не можам да престанам да размислувам, мојот мозок секогаш е во движење.

8. Ако некого изберам за личност којашто сакам да биде покрај мене, таа треба да се чувствува посебно бидејќи моите стандарди се доста високи.

9. Немојте да мислите дека нешто нема да забележам. Можам да ги видам сите детали околу мене, колку и да се мали.

10. Јас не сум комплицирана личност и не барам премногу. Малите нешта можат да ми донесат тони среќа.

11. Љубам силно, па затоа моите чувства бавно умираат. Но, штом се мртви, нема враќање назад.

12. Никогаш не споделувам баш сѐ за мене со друга личност. Некои тајни мора да останат зачувани.

13. Кога ќе ве фатам во лага, не молете за прошка. Во тој момент вие сте завршиле со мене.

14. Умеам да ги гледам луѓето на посебен начин. Го гледам и доброто и лошото во нив, но сепак одлучувам да ги сакам.

15. Можам да го живеам животот трпејќи многу, без да се жалам. Затоа често морам да се зафаќам со некоја работа за да не полудам.

16. Попрво би се преправал/а дека сѐ е во ред одошто да ги оптоварувам сите со моите проблеми.

17. Знам дека сум многу силен/на однадвор. Но, тоа не значи дека не ми треба некој за да ми каже дека се гордее со мене и дека можам да се опуштам.

18. Моите навредливи зборови може да повредат нечии чувства, но мојата тишина може да скрши срца.

19. Не можам вечно да чекам за нешто. Ако помине многу време ќе изгубам интерес. Штом наумам нешто, сакам тоа да се случи сега.

20. Мразам кога луѓето непотребно ми ги допираат стварите. Не можам да сфатам како некои луѓе не знаат да си ја работат работата и да направат нешто што би требало да е многу едноставно. Не сакам нерационални и тврдоглави луѓе, дрски и арогантни, како и такви кои претерано се жалат.

Погледнете ги и овие 30 буртални вистини за карактерот на Девиците.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар