Што се случува со вашето тело 1 час по пиењето газиран пијалак?

Што се случува со вашето тело 1 час по пиењето газиран пијалак?

Дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашето тело кога пиете газирани пијалаци што се полни со шеќери, како Кока-кола? Ако сакате да го дознаете одговорот на ова прашање, продолжете со читање!

10 минути по пиењето газиран пијалак

Во вашето тело се имаат насобрани 10 кафени лажички шеќер – доза што е повеќе од доволна за целиот дел, односно повеќе од 100% од препорачаната дневна количини. Не можете да почувствувате дека овој пијалак е толку благ затоа што фосфорната киселина го намалува неговиот интензитет.

20 минути по пиењето газиран пијалак

Шеќерот во крвта предизвикува навала на инсулин, а бубрезите со целата сила се трудат да го претворат сиот тој шеќер во маснотии.

40 минути по пиењето газиран пијалак

До овој момент, кофеинот е веќе целосно апсорбиран во вашето тело, зениците ви се проширени, крвниот притисок ви е пораснат, а бубрезите ги исфрлаат шеќерите директно во крвотокот. Исто така, рецепторите за аденозин во мозокот се блокираат, и ја губите поспаноста.

45 минути по пиењето газиран пијалак

Вашето тело произведува интензивно допамин, што ги стимулира центрите за уживање во мозокот, слично како што се случува по една доза хероин.

60 минути по пиењето газиран пијалак

Фосфорната киселина ги поврзува калциумот, магнезиумот и цинкот во долниот дел од цревата и го поттикнува метаболизмот. Овој процес станува уште посложен поради високата доза шеќери и вештачки засладувачи што го зголемуваат лачењето калциум. Исто така, кофеинот во пијалакот има диуретско својство, па почесто ќе мокрите, на тој начин губејќи ги натриумот и електролитите во вашето тело. Потоа доаѓа падот на шеќерот, па станувате раздразливи и тромави.

Имајте го сè ова на ум нареден пат кога ќе сакате да посегнете по чаша газиран пијалак. Наместо тоа, направете си кафе или чај, и заштитете го вашиот организам.

Дознајте и што ќе се случи со вашето тело ако секојдневно пиете Кока-кола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар