Исхрана според хороскопските знаци: Воздушни знаци

Исхрана според хороскопските знаци: Воздушни знаци

Може ли астрологијата да ни помогне да го пронајдеме вистинското мени и со тоа да ни даде нова надеж во борбата против вишокот килограми или други проблеми со дигестивниот систем? Еве што велат ѕвездите за тоа која храна е најдобра за вас, а која треба да ја избегнувате според вашиот хороскопски знак.

Исхрана според хороскопските знаци: Воздушни знаци

Воздушни знаци: Избегнувајте шеќер и грицкајте јаткасти плодови!

Близнаци

Близнаците ѝ посветуваат малку време на храната и честопати ја јадат патем, правејќи и друга работа истовремено. Треба да јадете колку што е можно полесни оброци – месо исклучиво од пердувести животни (пилешко, мисиркино, од препелица или патка) и многу овошје и зеленчук. Кога станува збор за зеленчукот, треба да изберете зелена салата, карфиол, спанаќ, целер, мешунки и домати.

Близнаците голема корист имаат од оревите (бадеми, ореви, лешници, ф’стаци), потоа од веганскиот јогурт и ѓумбирот, а од овошјето треба да јадат јаболка, кајсии, сливи, портокали, грејпфрут и шипки.

Совет: Избегнувајте кафе, коренест зеленчук, квасец, преработени шеќери и сода бикарбона. Близнаците треба да имаат балансирана исхрана и генерално да претпочитаат повеќе морска храна отколку месо. Затоа не е изненадување тоа што претставниците на овој знак често избираат вегетаријанство.

Вага

Вагите обраќаат големо внимание на квалитетот на храната што ја внесуваат во нивното тело, сепак, нивна голема слабост се слатките работи. Заради вишокот внес на јаглехидрати, тие може да имаат проблеми со вишокот килограми. Вагата треба да јаде варен зеленчук колку што е можно повеќе за да има балансирана исхрана и да внесува што е можно повеќе спанаќ, моркови, домати и грашок, потоа пченка, растителни сирења, вегански јогурт, ореви и бадеми. Се препорачува овошје како јаболка, банани, праски, бобинки и шумско овошје (јагоди, капини, малини, боровинки), сливи и авокадо.

Совет: Вагата треба да избегнува газирани пијалаци, потоа алкохол, квасец и преработени шеќери. Покрај хранливата вредност на производите, на Вагата ѝ е многу важен и естетскиот впечаток на чинијата, па затоа посветува особено внимание на уредувањето и украсувањето на храната.

Водолија

Водолиите треба да јадат нискокалорична храна и тоа колку што може повеќе морска храна (сите видови риби и ракови), потоа тофу сирење и соја јогурт, а од зеленчукот – зелена салата, зелка, целер, моркови, пченка, домати, брокула, лук (се препорачува варен зеленчук). Овошното мени на Водолијата треба да се состои од јаболка, круши, портокали, дињи, урми и смокви, а ќе има корист и од ореви, тикви и ѓумбир, како и протеински барови (чоколади).

Совет: Водолиите треба да избегнуваат кафе, рафинирани шеќери и квасец. Иако тие не ѝ посветуваат многу време на храната, имаат балансирано мени и се склони кон помали оброци.

Можеби сакате да прочитате и за тоа кој хороскопски знак е најголема педантерија, а кој е неуреден?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар