Дознајте што ви носи Венера која влезе во знакот на Лав

Дознајте што ви носи Венера која влезе во знакот на Лав

Венера, планетата на љубовта и парите, еднаш годишно минува низ знакот Лав, каде што оваа година ќе се задржи до 5-ти август, а потоа ќе премине во знакот Девица. Многу кратко, само на почетокот од периодот, формира тригон со Марс, симболот на страста и предизвикувачкиот аспект го прекинува со планетата Уран. Целата недела ќе има конјункција со планетата Меркур, која им одговара на уметниците. Кон крајот на периодот, Венера ќе формира тригон со Сатурн, аспект што влијае на стабилизација на разнишаните односи во емотивните врски. Бидејќи Нептун е планета на фантазијата, а Венера на љубовта и парите, овој аспект покрај паралелните врски, може да донесе и паралелни и тајни извори на финансии. Минувањето на Венера низ знакот на Лав, најмногу ќе влијае врз Биковите, Вагите и Рибите.

(1) Дознајте што ви носи Венера која влезе во знакот на Лав

Овен

Венера во петтата и Марс во астролошката куќа на тајните, предупредува на внимание доколку соработувате со странци од прекуокеанските земји. Вашата „мала“ авантура може сериозно да ја загрози врската со партнерот.

Бик

Вашиот владетел, Венера, планетата на парите и Марс во астролошкото поле на партнерските односи ќе ви донесе романса со личност која многу патува заради работата.

Близнаци

Аспектот меѓу Венера и вашиот владетел Марс ви носи можност за зголемување на обемот на работа и соработка со големи компании. Ако сте помлади, можете да добиете стипендија за студирање во странство.

Рак

Венера во втората, а Нептун во деветтата куќа ви носат љубов и пари доколку се бавите со уметност, спорт или медицина. Може да ви се отворат нови шанси, особено ако работите со странци.

Лав

Венера во вашиот знак ве прави популарни и омилени во вашето друштво, особено кај припадниците на спротивниот пол. Марс во четвртото поле ги зголемува шансите за заработка преку купопродажба на недвижности и преселување.

Девица

Венера и Нептун го будат љубовниот занес, но носат и нови понуди, особено ако се бавите со јавна професија. Доколку вашата работа подразбира работа со клиенти, ќе бидете многу успешни.

(2) Дознајте што ви носи Венера која влезе во знакот на Лав

Вага

Поради конјункцијата на вашиот владетел Венера и Уран во Овен, можно е да се раздвоите од вашиот партнер, поради негово патување. Ќе имате изобилство од финансии доколку се занимавате или работите во медиуми.

Скорпија

Аспектот меѓу Венера и Нептун во куќата на кариерата и креативноста може да ви донесе романса со уметник или со некој кој живее во странство. Ќе бидете успешни ако работите во областа на издаваштво.

Стрелец

Венера во деветтото астролошко поле под влијание на Марс е симбол на тајната сексуалност. Тоа навестува можна тајна романса со некој што ќе го запознаете на некое патување или на предавање.

Јарец

Тригонот меѓу Венера и вашиот владетел Сатурн, планетата на минатото, може да ве поттикне да ја обновите врската со стара љубов, особено ако сте во позрели години.

Водолија

Аспектите на планетите на парите и на дејствувањето ви носат заработка од паралелни извори на приходи, додека квадратот меѓу Венера и вашиот владетел Уран, ве предупредува да избегнувате непотребни трошоци.

Риби

Владетелот Нептун во вашиот знак во предизвикувачки аспект со планетата на љубовта навестува романса на некое патување. Ако сте уметник, антрополог, фармацевт или лекар, ќе бидете успешни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар