Како да го заведете според неговиот хороскопски знак?

Момците сакаат да заведуваат, но многу често уживаат и кога првиот чекор го презема девојката. Тоа внесува возбуда во односот, кој потоа може да прерасне во прекрасна љубовна врска. Доколку не сте сигурни што сака човекот кој ви е интересен, забавен и кој едноставно ви се допаѓа, прочитајте што може да го привлече неговото внимание, според хороскопскиот знак. Можеби ќе добиете некаква идеја и ќе соберете сила да му пријдете на момчето кое веќе подолго време се „мота“ низ вашите мисли.

(1) Како да го заведете според хороскопскиот знак

Овен

Овие момци сакаат девојки кои ќе направат сè да го добијат она што го посакуваат. Тие обожуваат да имаат конкуренција, но внимавајте да му покажете дека токму ТОЈ е оној кој го посакувате. И запомнете… Искреноста е клучна. Затоа немојте ниту да помислувате да му раскажувате работи за вас кои не се точни. Нема да биде воопшто среќен доколку дознае дека девојката во која се вљубил не се претставила во вистинското светло.

Бик

Овие момци веруваат дека трпението води кон убави нешта, па затоа ако сакате да го привлечете неговото внимание можеби е најдобро да стартувате како пријатели. Дозволете му полека да открие колку сте прекрасни, преку моментите поминати заедно и преку долгите и искрени разговори. Бикот сака девојки кои знаат да комуницираат со него и да зборуваат на различни теми. Затоа, без двоумење, покажете му колку сте посветени на вашето пријателство, пред тоа да прерасне во нешто многу повеќе. Совет: Насмејте го! Извадете го барем на кратко од сериозните теми и прашања кои најчесто го окупираат неговиот ум.

Близнаци

Љубопитните близнаци обожуваат да откриваат нови и интересни работи во врска со девојките. Организирајте некое неочекувано патување на место каде што никогаш претходно не сте биле, ниту вие, ниту тој. На новото место истражувајте и разговарајте за најразлични теми, а кога денот ќе заврши и ќе се врати дома, ќе мисли само на вас.

Рак

Доколку сакате да привлечете внимание на Рак, единствено што треба да направите е нежно да го допрете. Но, тој допир да биде речиси незабележлив и таен. Дадете му до знаење дека сте заинтересирани за него, без да му одвлекувате вниманието со непотребно оптоварување. Не ја излудувајте неговата сензитивна страна со непотребни и претерани движења и изливи на емоции. Одете полека. Трпеливоста, исто како и кај Биковите, е клучна во освојувањето на момците Ракови.

Лав

Понекогаш, кога станува збор за Лавовите, потребен е голем труд за да го привлечете неговото внимание. Потрудете се да оставите еден прекрасен сочен бакнеж на неговите усни. Да, тоа најчесто успева.

Девица

Овие момци можат да бидат малку покомплицирани – тие се супер лојални, но нивната природа и потреба да ги анализираат премногу работите, може да ги отежни работите. Затоа, најлесно до срцето на Девицата ќе стигнете доколку бидете целосно и дефинитивно свои. Ако сте излезени во кафуле, земете пиво, имајте вистински разговор и покажете ја својата магнетска природа – но, без никакви претерувања. Тој е постојано активен во моментот во кој се наоѓа и ги забележува дури и најмалите детали, затоа однесувајте се природно и дајте сè од себе на површина да излезат вашите квалитети. Ако му се допаднете, знајте дека веднаш ќе се приврзе за вас и работите ќе се движат во вистинскиот правец.

Вага

Овие момци сакаат добра забава, па зошто не направите една кај вас дома и не го поканите како специјален гостин? Ако сте премногу забавни и носите нешто неодоливо (но, истовремено и практично), без двоумење ќе се заинтересира за вас. И не заборавајте да го купите неговото омилено пиво, со тоа секако ќе го импресионирате.

Скорпија

Гледајте го право во очи. Да, толку е едноставно. Овие момци се многу страсни и го земаат веднаш она што го посакуваат, па така и брзо ќе ви дадат до знаење дали има некаква врска меѓу вас. Но, внимавајте… Малку знаат да бидат љубоморни. Затоа кога ќе флертувате, покажете му дека само тој е во игра.

Стрелец

Ако сакате да си го отворите патот до неговото срце (или пантолони), однесете го на комедија или испланирајте филмска вечер со неговите омилени смешни филмови и храната што ја обожува. Што и да правите, најважно е да се смеете двајцата и да поминете прекрасно време заедно. Кога ќе види колку убаво може да му биде со вас, никогаш повеќе нема да ве пушти.

Јарец

Јарците знаат да бидат многу одговорни и сериозни, па затоа испланирајте заедно да одите на некој концерт за да му се разбистри главата и да си помине убаво и релаксирано. Секогаш е подготвен да се врзе со девојка што ќе го освои неговиот шарм. Покажете му дека знаете што сака.

Водолија

Најчесто е едноставно да се освои вниманието на овие момци, затоа што тие се отворени за дружење. Однесете го на некое место каде што има премногу луѓе, како фестивал или на плажа, и уживајте. Ќе се воодушеви од вашата личност и ќе биде импресиониран што можете да го следите неговиот чекор. Испробајте и ќе се уверите!

Риби

Момците Риби се преполни со емоции, затоа доколку сакате да го освоите, мора целосно да му се посветите. Ништо лажно, ништо чудно… Само покажете му која сте вистински, гледајте го во очи и водете разговори за убави нешта. Ќе го освоите за секунда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар